Новиот Џејмс Борн пристигнува во кината

Акцискиот трилер „Џејмс Борн“ на режисерот Пол Гренграс, кој го одбележува враќањето на Мет Дејмон на големите екрани во улогата поранешниот агент на ЦИА кој пати од амнезија, по европската премиера во Лондон на 27 јули, за време на летово ќе пристигне и во кината низ целиот свет.

Дејмон го отелотвори Борн во првите три продолженија на овој филмски серијал, снимени според делата на Роберт Ладлам, „Борновиот идентитет“ (2002), „Борновата надмоќ“ (2004) и „Борновиот ултиматум“ (2007).

Во петтото продолжение на серијата Дајмон се врати во оваа франшиза, откако одби да игра во четвртиот дел „Борновото наследство“ (2012).

Во пресрет на европската премиера во Лондон, Дејмон изјави дека „навистина е забавно“ повторно да се најде во улогата на поранешниот убиец на ЦИА. Но, сепак призна дека повеќе од 15 години по неговата прва улога во серијалот за Борн, му било многу тешко да се подготви за оваа физички напорна улога.

- Да се подготвиш за таа улога е многу тешко, многу потешко сега кога имам 45 години, отколку кога имав 29, рече Дејмон.

Во новото продолжение на серијалот, Дејмон се наоѓа на грчко-македонската граница, децении по неговото исчезнување на крајот на третиот дел. Со него се враќа и актерката Џулија Стајлс како неговата колешка, оперативката Ники Парсонс, која исто така, играшр во првите три филма.

Во главните улоги се јавуваат и Алиша Викандер, Винсент Касел и Томи Ли Џонс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...