Третата сезона на серијата „Моќ“ ексклузивно достапна на Pickbox

Новите, уште повозбудливи епизоди на Pickbox ќе се емитуваат секој понеделник во 21:00 часот



Во животот на Фифти Сент нема пауза, па така последната година тој бил зафатен со работата на третата сезона на серијата „Моќ“ (Power) во која е извршен продуцент и каде и самиот има важна улога. Со импресивна кариера, по неколку милиони продадени албуми, Фифти Сент денес може да се пофали и со серијата која во одредена мера е инспирирана од неговиот бурен живот. Во „Моќ“ има пукање, дрога, клубови, пари, голотија, а баш како и во животот на Фифти Сент, има и многу добра музика.

Долгоочекуваната премиера на третата сезона на серијата „Моќ“, којашто е успешен проект на ТВ мрежата „Старз“ веќе пристигна на Pickbox. По моќниот крај на втората сезона, третата сезона ветува уште повеќе емоции, уште повеќе преврати и е експлозивно добра.

Во новата динамична сезона, Џејмс Патрик наречен Дух (Омари Хардвик) е сопственик на нови ноќни клубови, го напуштил нарко-картелот и уште повеќе се зближил со Анџела (Лела Лорен), неговата љубов од младите денови, која работи во секторот за наркотици и трага по човекот кој во подземјето е познат под прекарот Дух. Но, во мигот кога Џејмс одлучува дека неговото алтер-его Дух станува минато, ќе сфатите дека минатото цело време му е зад петици, а дека довчерашните сојузници му станале непријатели.

Пријателот и деловен партнер на Џејмс, Томи (Џозеф Сикора), ќе се најде од другата страна на приказната и неговото вртење против Дух ќе биде во центарот на третата сезона. Брат ќе се сврти против брат, но кој ќе биде посилен и попаметен во оваа приказна?

Авторка на серијата, чии нови епизоди ќе се прикажуваат на Pickbox само 24 часа по американската премиера, е Кортни А. Кемп. Мегауспешниот музичар Фифти Сент може да се пофали со продуцентски ангажман, но и со улогата на поранешниот осуденик Канан, кој од епизода во епизода сѐ повеќе добива на важност.

Опуштете се со премиерата на третата сезона на „Моќ“, а новите уште повозбудливи епизоди очекувајте ги на Pickbox секој понеделник во 21:00 часот. Серијата е достапна со MaxTV на Македонски Телеком, во видеотеката преку Мени > Видеотека > Pickbox.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...