Почна снимањето на третата сеозна на серијата „The Fall“

Џејми Дорнан, еден од најпосакуваните машки актери на денешницата, по паузата за филмот „50 Shades Darker“, конечно се враќа и на малите екрани.



Откако неговата колешка Џилијан Андерсон заврши со снимањето на новите епизоди на „Досиеја Икс“, Џејми и остантите членови на екипата од серијата „Te Fall“ повторно се собраа и почнаа со работа на третата сезона.

Да потсетиме, во серијата „The Fall“, Џејми го игра сексуалниот манијак и сериски убиец Пол Спектор, кој се крие зад ликот на примерен сопруг и татко и советник во својата заедница.



Злобен, но исклучително интелигентен, Пол Спектор убива жени не оставајќи никакви траги, но почнува „да му гори под нозете“ кога на патот му застанува инспекторката Стела Гибсон (Џилијан Андерсон), со која започнува опасна игра.

Новите епизоди се снимаат во Белфаст, а на сцената се враќаат сите главни актери од првите две сезони.



Во новите епизоди ќе видиме како Пол преживеа и дали заради сите свои злосторства ќе заврши в затвор и како ќе реагира неговото семејство.

Новите епизоди ќе се емитуваат кон крајот на годината, јави „Дигитал Спај“.

Но, сепак има и една лоша вест за љубителите на серијата: се очекуваат само пет епизоди, кои најверојатно ќе го означат и самиот крај на „The Fall“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...