Првиот трејлер за Wonder Woman долго очекуваниот проект на режисерката Пети Џенкинс беше објавен на Comic Con конвенцијата во Сан Диего изминатиот викенд.
Од трејлерот може да се погледнат почетоците на амазонската принцеза Дајана Принц/Wonder Woman (портетирана од Гал Гадот) , и нејзината трансформација во бестрашен воин.
Во партнерство со американскиот пилот Стив Тревор (Крис Пајн) таа ќе се обиде да ја сопре Првата Светска војна која е веќе на самиот почеток на дејствието во филмот.
Покрај Гал и Крис во Wonder Woman ќе ги видиме и одличните Кони Нилсен, Робин Рајт, Дени Хјустон, Дејвид Телвис, Луси Дејвис и Јуан Бремнер.
Премиерата на Wonder Woman е закажана за 2-ри јуни следната година, а ова е првиот трејлер.