Еден за сите - сите за еден

Наслов:
Star Trek Beyond

Режија:
Џастин Лин

Сценарио: Сајмон Пег и Даг Џанг

Улоги:
Крис Пајн, Закари Квинто, Зои Салдана, Идриз Елба, Софија Боутела, Сајмон Пег, Антон Јелчин, Џон Чо...

Времетраење: 122 мин.

Година на издавање:
2016-та


Star Trek франшизата во изминатите две години се соочи со загубата на двајца одлични актери. Најпрво Леонард Нимој, актерот ја толкуваше улогата на Спок во оригиналната серија, но и во претходните Star Trek (2009) и Star Trek Into Darkness (2013). Исто така минатиот месец фановите ги потресе веста и за предвремената смрт на младиот Антон Јелчин кој во филмската франшиза ја толкуваше улогата на Павел Чеков.  Сега со нов режисер зад камерата (на местото на Џеј Џеј Ејбрамс), а и со неколку нови актери пред неа, пристигна Star Trerk Beyond, третиот дел од филмската франшиза.



На нешто повеќе од половина од зададената 5-годишна мисија, Џејмс Т. Кирк (Крис Пајн) и остатокот на тимот во USS Enterprise ќе пристигнат во Yorktown базата. Таму ќе им биде зададена спасувачка задача, која ќе се покаже како стапица на злобниот диктатор Крал (Идриз Елба). Тој ќе ги нападне со цел да дојде до антички артефакт кој Кирк го поседува, а Крал го сака. По целосното уништување на USS Enterprise, Кирк, Спок (Закари Квинто), Боунс (Карл Урбан), Чеков (Антон Јелчин), Ухура (Зои Салдана), Скоти (Сајмон Пег) и Сулу (Џон Чо) ќе се најдат напуштени и поразени на непозната планета и ќе морааат да се обединат повторно за да го поразат Крал. Мала помош ќе добијат од бестрашната и осамена Џејла (фантастичната Софија Боутела), која живее во напуштениот USS Franklin, но нивната мисија во елиминирањето на Крал нема да биде лесна.



Star Trerk Beyond е авантура за преживување во која ќе најдете повеќе фокус и акцент на карактерите, отколку на самата авантура, а дури и на самото преживување. Да нема недоумица, режисерот Џастин Лин се потрудил да има доста акција и динамика во Beyond, а и во акционите сцени ќе ги најдете квалитетите на Лин како режисер, да го одржува темпото кога сценариото прави застој. По работата на Fast And Furious франшизата, знаеме за што е Лин способен, а сега тие таленти до максимум ги користи и во Beyond. Недостасуваат финеси во неговата работа со камерата, но ефектот е тој што се цени. Сега во центарот на вниманието некако се ликовите, а не акцијата, а и самото сиже. Тие не само што се многу повеќе обликувани и истражени, со поделбата на повеќе групи од ликовите ние добиваме и нови неочекувани поврзувања и зближувања меѓу нив. Спонтани и во средина на немили ситуации, но добредојдени.



За почеток Спок и Леонард „Боунс“ Мекој се одлично дуо во третиот дел. Боунс сега доби многу повеќе минутажа во Beyond и навистина може да се забележи не само зближувањето со Спок, туку и истражувањето на човечната страна на карактерот на Спок. Да, страната која тагува, која се сомнева во своите способности, и која дури и во најтешката состојба го цитира Шекспир. - The miserable have no medicine, only hope, вели тој додека Боунс се обидува да ја санира раната на торзото. Не ја гледаме само Вулканската, логичната страна (па дури и збунетата страна) на ликот. Аплауз мора да се даде и до Квинто и Урбан кои успеале да ја прикажат и хемијата на ликовите, а не само генеричната статичност во заедничкото присуство пред камерата.



Крис Пајн е пријатното изненадување. Актерот се издвојува по неколку нешта во Beyond. Адаптацијата во самиот лик Џејмс Т. Кирк сега делува уште поприродна, но и физичката подготвеност на Пајн во акционите сцени е солидна. Но, не смее ја негираме и прогресијата на самиот лик во новиот правец. Видете, Кирк го започнува Beyond со егзистенцијална криза. Разнишана самодоверба, апатија и подготвеност да ја предаде титулата Капетан на Спок, за до крајот на Beyond ликот да се претвори до храбар и интелегентен лидер способен да си го собере екипажот и да се одбрани од непријателот. Таа трансформација ја гледаме и во храбриот и силен перформансот на Пајн, не само во сценариото на Џанг и Пег во креирање на Џејмс Т. Кирк.



Сценаристите им дале поголема инволвираност на ликовите на Чеков и Скоти (сепак, ко-сценаристот Сајмон Пег го портретира ликот на Скоти), но ги запоставиле Сулу и Ухура во сторијата. Да, секако смел новитет за Сулу е што конечно гледаме дека самиот лик е геј и татко на мала ќерка, но Ухура е игнорирана од сценаристите, што е разочарувачки.

Сепак, Пег и Џанг толку се фокусирале на ликовите и нивната динамика,  што заборавиле на два клучни моменти кои би го направиле Beyond уште поквалитетен. Развојот на дејствоето е спор и некохерентен, а филмот пати од негативец кој е само украс.

Во Beyond имаме лик во кој е одбран фантастичен актер како Идриз Елба и кој заслужува многу поквалитетен негативец од тој на Крaл. Конфузни и не целосно објаснети мотиви и акции се доминантните теми во ликот на Крaл и искрено покрај простетиката во најголемиот дел од дејствието и повременото „цицање“ на животот од жртвите тој не претставува преголема закана. Покрај зголемениот фокус на ликовите, наспроти тој кон дејствието, Beyond пати и од комплекс на носталгија, која како нишка се провејува низ дел од сцените. Без разлика дали ќе ја најдете во старите вселенски бродови, во дел од старите ликови или во инклинациите на страв дека главниот лик живее во сенката на неговиот татко.



-Цело време го помина обидувајќи се да бидеш Џорџ Кирк (таткото на Џејмс Т. Кирк н.з.), а се прашуваш што значи да бидеш Џејмс Т. Кирк, му вели Боунс на неговиот Капетан. Мислам дека по Beyond, Џејмс Кирк научи да избега од сенката на татко си. Барем на кратко.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...