Премиера на новиот „Ghostbusters“, ФХ3Х работеа на ефектите

Продолжението на филмот „Истерувачи на духови“ на кој работеа артисти од Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со MPC Technicolor од Лондон, премиерно ќе биде прикажан утре вечер во Скопје.

Кристијан Даниловски, еден од основачите и ко-сопственик на ФХ3Х изјави дека во изработката на визуелните ефекти на проектот "Ghostbusters" во периодот од ноември 2015 до јули 2016 работеле 103 артисти на над 300 кадри, што е околу 17 минути од филмот.

- Филмот е забавен и се надеваме дека сите ќе уживаме во него, изјави Даниловски.



Според критиката, „Ghostbusters" се враќаат на голема врата по 30 години откако омилената франшиза нè освои со својот хумор. Овој пат, посочуваат, освежени не само со одлично избраната актерска екипа од Melissa MCarthy, Kristen Wiig, Kate McKinnon, Leslie Jones и Chris Hemsworth, туку и со свежиот пристап кон комиката на светот на натприродните појави на режисерот Paul Feig.

Ghostbusters е американска акциона комедија за натприродните појави и е рестартирање на популарната франшиза на парапсихолози кои развиваат бизнис за лов на духови во Њујорк. Ерин Гилберт и Аби Јејтс се две непризнаени авторки на книга во која тврдат дека духовите се реални и вистински. Неколку години подоцна, Гилберт успева да добие престижно професорско место на Универзитетот на Колумбија, но кога нејзината книга ќе се појави, исмеана е и исфрлена од академските кругови. Откривањето на масивна река од ектоплазма и појавување на спектрална активност им овозможува на тимот на истерувачи на духови да си го „живнат„ бизнисот.

Кога духовите ќе го нападнат Менхетен, Гилберт повторно се обединува со Јејтс, и ги земаат во тимот и Џилијан Холцман која е нуклеарен инженер и Пати Толан, работничка во подземната железница, за да го спасат светот од моќниот демон Роан кој може да ги контролира луѓето.



Филмлот во Скопје ќе почне да се прикажува од утревечер во киното Синеплекс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...