Иако сме на средината на летото, Paramount Pictures го објави првиот трејлер за Office Christmas Party, филмот кој планира да го претстави на публиката за време на божиќните празници.
Во него по четврти пат ќе имаме можност да ги видиме Џенифер Анистон и колегата Џејсон Бетерман заедно на филмското платно. Office Christmas Party е комедија за група на колеги во компанија кои ќе организираат „луда“ божиќна забава во просторите на самата компанија во која што работат, но таа ќе излезе од контрола.
Покрај Џенифер и Џејсон во филмот на режисерите Џош Гордон и Вил Спек ќе ги видиме и одличните Оливија Ман, Кејт Мекинон, Ти Џеј Милер, Џејми Чанг, Мет Волш и Роб Кордри.
Премиерата на за Office Christmas Party може да ја очекуваме на 9-ти декември, а ова е првиот трејлер.