Ghostbusters: За инает на душманите?

Наслов: Ghostbusters

Режија:
Пол Фијг

Сценарио:
Кејти Диполд и Пол Фијг

Улоги:
Мелиса Мекарти, Кејт Мекинон, Кристен Виг, Лесли Џонс, Крис Хемсворт; Нил Кејси, Сесили Стронг, Енди Гарсија...

Времетраење: 116 мин.

Година на издавање:
2016


Reboot, remake и spin of филмовите не се ништо ново во Холивуд. Всушност толку навикнавме на нив што со нивниот квантитет, како да подзаборавивме на квалитетот кој тие треба да го имаат и покрај недостатокот на оригинал во материјалот. Но, еден таков проект доби премногу омраза и негативни реакции (дури и за reboot) уште при самата најава во 2014-та година. Ghostbusters. Фактот дека актерската екипа е составена примарно од актерки не помогна премногу, а првиот објавен трејлер само ја влоши ситуацијата. Всушност тој е најомразениот филмски трејлер во историјата. Но, што е со самиот филм во режија на Пол Фијг?



Долгогодишната соработничка на Фијг, актерката Мелиса Мекарти сега е Аби Јејтс. Истражувач на паранормалното и пријателка од детството на Ерин Гилберт (Кристен Виг), професор по физика на Колумбија универзитетот,  кој се обидува да спречи повторно појавување во јавност на нивната заедничка книга за постоењето на духовите. Ерин се бори за постојано професорско место и знае дека ќе биде исмеана од научната заедница (и колегите)  ако дознат дека е ко-автор на книгата. Но, во друштво на брилијантниот инжињер Џилијан Холцман (Кејт Мекинон) и екс вработената во Њујоршкото метро, Пети Толан (Лесли Џонс) 4-те дами ќе ја создадат Ghostbusters, фирмата за истерување на духови. Секретарка во фирмата овој пат ќе биде премногу глупавиот Кевин (Крис Хемворт), но проблемот ќе настане кога ќе откријат од каде потекнуваат духовите.



Дали reboot-от го уништи моето детство како што беше консензусот во мислењата на фановите во изминатите 2 години? Не, ниту близу. Но, како фан на класикот од 1984-та година, сметам дека иако „радикален“ во кастинг одлуките и дел од ликовите, reboot филмот беше премногу „маргинален“ и „безбеден“ во остатокот. Да, секако не може да се споредува со тој на Иван Рајтман од 1984-та година, но и најновото дело на Фијг има квалитети со кои може да се гордее. За почеток како што споменав кастингот е фантастичен. Не само во главните 4 улоги, туку и во споредните. Очигледно е дека Мелиса Мекарти е премногу одомаќинета и сигурна кога е во филм на Пол Фијг, а тоа се забележува со секој нареден филм, а Ghostbusters не е исклучок. Кристен Виг во дуо со Мекарти е повторно фантастична (како и во Bridesmaids) а Лесли Џонс е солидна во улогата на гласната Пети со „улична интелегенција“. Но, вистинското откритие на Фијг е Кејт Мекинон како ексцентричната Холцман. Ако сте ја погледнале Мекинон во скеч шоуто SNL, знаете што може таа да стори со својот талент и дарбата за имитации на славните личности. Но сега во Ghostbusters дознавате што може да стори со еден nerd лик како тој на Холцман. Посебен лик кој со карактерот и талентот, речиси и да не може да функционира во мејнстрим делот од општеството.

Во креацијата помалку потсетува на брилијантниот Игон Спенглер (Харолд Рејмис), но Мекинон со генијот (нејзините „играчки“ како што ги нарекува дел од нејзините изуми)  направи ликот на Холцман да се издвојува во перформансите, и едноставно да го обожавате нејзиниот лик. Има фантастична хемија меѓу 4-те актерки, но Мекинон е „откритието“ во Ghostbusters.



Одлуката на Крис Хемсворт да му се даде улогата на секретарката Кевин во Ghostbusters е одличен маркетинг потег за да се привлече повеќе публика, но ако го занемариме тој факт, актерот покажува дека солидно се снаоѓа во улога како таа на Кевин. Екипата зад филмот се обидела на актерите од оригиналот (со исклучок на Рик Моранис) да има даде „грациозни“ , иновативни и хумористични камео улоги, но потфрлила при кастингот во негативецот, неговата арка и мотивите на самиот лик.



Роуан Норт (Нил Кејси) е „слаб“ негативец, каков што оваа година веќе видовме во повеќе други филмски проекти. Осаменик воден од лична вендета. Гневен кон светот и кон тоа како тој е третиран од сите во него, Роаун се одмаздува со духови, но неговото значење за самиот филм е минимално во речиси секој поглед. Тој и да не беше во филмот ќе немаше никаква разлика, бидејќи духовите се тие кои се релевантни. А, Пол Фијг не „штедел“ на нив. Иако во Ghostbusters ќе најдете страшни моменти со самите CGI духови, Фијг го третирал филмот повеќе како комедија. Тие се забавни во најголемиот дел,  не се премногу страшни. Кога сме кај хуморот тој е примарно фокусиран да доаѓа од репликите на ликовите, отколку од физичката комедија која тие ја прикажуваат. Да, секако тука ќе најдете солидна доза на физичка комедија, но хуморот од ликовите доаѓа директно од ликовите, што како што и ни прикажува филмот (и преку грешките) ако не биде деликатно третиран овој пристап, може да биде и погубен. Шегите во Ghostbusters често со репетиција во темата (физичката привлечност на Ерин кон Кевин на пример, или пак разочараноста од услугата во кинескиот ресторан од кој Аби нарачува храна) па го губат ефектот, а тоа особено се чувствува и од сите 4 ликови заедно во последните 30-на минути.



И иако може да се каже за Ghostbusters е дека е забавен филм кој стори се што може да не ги разочара фановите, всушност ако го погледнете добро ќе забележите дека Пол Фијг најмногу се трудел тоа да не го направи со својата режија. Не успеал целосно во намерата, но видливи се моментите на триумф, особено во акционите сцени. Ќе забележите стабилна камера од режисерот во статичните моменти и во сцените со дијалог, но динамична и креативна во акционите сцени во кои има преголема употреба на CGI. И изненадувачки во целиот спектар на CGI ликови во финишот, таму добивате релативна прегледност на акцијата од актерите, што е за поздравување. Таму ќе најдете и забавени снимки и ареални кадри од целиот сет дизајн. Толку можеше Фијг да направи поголем хаос отколку што веќе е самиот филм, но тоа немеаше да биде стриктно по негова вина.

Намерите на Фијг и Диполд биле да направат забавно дело кое ќе проба да ги разочара хејтерите и троловите. Успеаа во тоа, но не и во тоа да направат нов класик, па дури и поквалитетен филм од оригиналот на Рајтман. За тоа ќе треба многу повеќе труд.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...