ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Злобните и самоубиствените

Наслов:
Suicide Squad

Режија:
Дејвид Ејер

Сценарио: Дејвид Ејер

Улоги:
Марго Роби, Вајола Дејвис, Вил Смит, Џоел Кинеман, Џеј Ернандез, Џеред Лето,  Кара Делавињ, Џеј Кортни....

Времетраење: 123 мин.

Година на издавање:
2016-та




Дејвид Ејер стана режисер во 2005-та година со првенчето Harsh Times, а само неколку години претходно ги напиша сценаријата за филмовите како U-571, Training Day, The Fast and the Furious, Dark Blue, S.W.A.T... Сега во 2016-та го претстави Suicide Squad, проектот на DC кој за жал се сруши од тежината на својата амбиција. Таа амбиција не започна само со кастингот туку и со обидот на Ејер да се справи со пропорцијата на квантитет и квалитет на ликовите кои ни ги претстави, но и се изгуби и во остатокот на сопствената креација.



По настаните од Dawn Of Justice, Amanda Waller (Вајола Дејвис) ќе ја создаде „самоубиствената екипа“. Харли Квин (Марго Роби), Deadshot (Вил Смит), El Diablo (Џеј Ернандез) Killer Crock (Адевале Акиноје- Абгаје), Captain Boomerang (Џеј Кортни) и Slipknot (Адам Бич) со вметнати имплант бомби/GPS во телата, ќе бидат „ангажирани“ од владата на САД за тајна мисија. Лидерот на овој необичен тим е Rick Flag (Роел Кинеман), а негова десна рака/телохранител е Katana (Карен Фукухара). На тимот ќе му биде зададена мисија да ја сопрат June Moone (Кара Делавињ). Археологот June Moone ќе стане опседната од античка сила наречена Enchantress и преку нејзините моќи, ќе сака да владее со светот. Акцијата за „самоубиствениот тим“ ќе започне вo Midway City.



Има толку многу од квантитет, а толку малку квалитет во ликовите на Suicide Squad. Но, филмот на Ејер за почеток пати од неквалитетен негативец. Да, филмот имаше потенцијал да добие негативец во „човечки облик“, но Ејер се одлучил за полесниот пат. Очигледна била инспирацијата на Делавињ во портретирањето на Enchantress (Алија во Queen of the Damned доаѓа прва на ум), но без разлика што манекенката на Victoria's Secret е ужасна актерка, Ејер имаше совршен негативец и во првите 2 минути кој буквално беше пред неговиот нос, но не сакаше да го види. Кога сме кај воведните сцени, најпрво во нив ги гледаме ликовите на Deadshot и Harley кои ни ги претстави самата Amanda Waller (фантастичната Вајола Дејвис), а потоа  по само 5 минути добивме непотребни повторени воведи/претставувања на дел од истите ликови, само на поинаков начин.

И кога веќе ни се претставени, Ејер едноставно не знаел што да прави со дел од нив. Дел од нив се фаворизирани и вклучени во сторијата, а дел од нив се потценети и заборавени. Поради „рејтингот“ што дел од актерите го имаат во моментов акцентот во Suicide Squad бил ставен на Deadshoot и Harley, остатокот од екипата (Boomerang, Slipknot, Katana, Killer Krock) речиси и да не добиваат шанса да ни дадат процент од нивните карактери.

Џеј Ернандез од друга страна преку El Diablo добива кратка можност да ја пренесе емотивната страна на ликот, а и способноста за искупување за грешките од минатото. Шведскиот актер Џоел Кинеман иако е одличен како Rick Flag за жал добил еднодимензионален карактер кој како и љубовната приказна која му е наметната едноставно не го „запалува“ ниту филмот (а ниту самиот лик). Делумно затоа што неговиот лик не е искористен во нарацијата на филмот, а делумно затоа што треба да биде „моралниот код“ во групата (што искрено не е).



Кога сме кај моралниот код, Ејер како на средината на двете групи (добрите и лошите) го сместил Deadshot. Вил Смит во него сместил перформанс каков што сме виделе од него во десетици претходни филмови, но нешто е поинакво кај неговиот лик. Тој се наметнува како „дефакто“ лидерот на „лошите момци“, а во една круцијална сцена прикажува и доза на емпатија, што е речиси нон сенс... знаете за озогласен платен убиец кој никогаш не промашува мета за која е најмен да ја елиминира.



Но, едно име од тој тим како да го заборавив. Всушност две, но нив ги оставив за самиот крај. Се разбира зборувам за најлудиот пар во Gotham City. Марго Роби како Harley Quinn е можеби најсветлата искра во поглед на перформансите во оваа пренатрупана група на актери. Таа одлично ги доловила манеризмите, карактеристиките, гестовите, а и начинот на изразување на Харли, но Џокерот остана енигма, буквално и фигуративно. Ејер ни го претставил Џокерот низ спорадични сцени (половина сместени во флеш бек), но искрено и да не беше дел од филмот, немаше да има реперкусии кон приказната, бидејќи во ниту еден дел од мисијата на екипата не беше засегнат како лик. Што е навистина штета, затоа што не само што е најмногу познат кај мејнстрим публиката (која не е запознаена со остатокот од ликовите) туку и во ликот има Оскаровец кој за жал тука не добил доволно простор да го истражи Џокерот подобро.



И Suicide Squad можеше да биде спасен со квалитетната егзекуција на техничкиот дел, но и покрај солидната режија од Ејер и еклектичната музика, делото го расипа лошата монтажа, конфузната кинематографија како и уште повеќе конфузниот сет дизајн и неквалитетната употреба на CGI во истиот. Особено во финалните 30-на минути.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...