„Лошите мајки“ се всушност „супер мајки“

Наслов:
Bad Moms

Режија:
Џон Лукас и Скот Мур

Сценарио:
Џон Лукас и Скот Мур

Улоги:
Мила Кунис, Кетрин Хан, Кристин Бел, Кристина Еплгејт, Џеј Ернандез...

Времетраење: 100 мин.

Година на издавање:
2016-та


Bad Moms звучи како наслов за порно филм, нели? Но, не е. Мила Кунис е всушност една од многуте самопрогласени „лоши мајки“ во најновата комедија на Џон Лукас и Скот Мур.

Таа е Ејми Мичел,  33-годишна мајка на две деца, сопруга на неверното „големо дете“ Мајк Мичел (Дејвид Валтон) и жена која работи во тренди компанија за кафе.



Како што ни кажува и самиот лик преку нарацијата уште во воведната сцена, таа е најстариот вработен во компанијата, и дел од колегите ја нарекуваат „мама“. Деновите ги поминува во хистерично трчање и извршување на професионалните и приватните обврски, а како што вели и самата и покрај целиот напор се чувствува како најлошиот родител на светот. За голем дел од нејзината мизерија придонесува Гвендолин (Кристина Епелгејт) претседател на родителската организација која изгледа како микс од екстериерот на домаќинките од Stepford Wives и ентериерот на трите злобни девојки од Heathers. Затоа со помош на уште две мајки како неа, пасивната Кики (Кристин Бел) и самохраната мајка Карла (Кетрин Хан), Ејми ќе го возврати ударот и ќе се кандидира за претседател на организацијата.



Од време на време, Холивуд ќе ни претстави навидум солиден проект кој е одличен на хартија, но во пракса си го губи патот со банално клише, стереотипни концепти за улогата на мајката во општеството и многу шовинизам кој не само упатен кон женскиот пол. Bad Moms не е исклучок. Ако забележите со гледањето на филмот, мажите или се во најголемиот дел отсутни од филмот, или се претставени како незрели суштества или пак се објективизирани како секс објекти. Првиот момент кога ние го запознаваме Џеси (Џеј Хернандез), кој всушност е еден од нормалните и пријатните ликови во филмот, на нас ни е претставен само како „згодниот вдовец“. И повторно во тематиката на филмовите за „преработените“ и изморени мајки како таа во Bad Moms, гледаме белкињи од предградијата на САД кои прават мајчинството да изгледа како олимписка дисциплина во натпреварувањето „која мајка е полоша“.



Во политичко-коректните филмови како I don’t know how she does it и сега и во Bad Moms гледаме добро ситуирани жени кои имаат прекрасни семејства, кариери и удобен живот, што речиси преминува во фрустрација за нас публиката. Да, тука го имаме дури и „soccer mom“ клишето, кое е премногу присутно во претставувањето на модерната домаќинка од преградијата. Би сакала да знам какви ќе беа филмовите ако во нив видевме жени од малцинствата кои се обидуваат да „скрпат крај со крај“ кои имаат 3 различни работи и кои мораат секојдневно да ги носат децата во училиште со јавен превоз. Да, Мила Кунис и остатокот од дамите во Bad Moms се финансиски исплатливи за филмот, и тие го даваат максимумот, но толку прекрасни актерки како Кристина Еплгејт и Џејда Пинкет Смит се оставени на маргините и не е целосно искористен нивниот потенцијал. Искуството на Кунис и Бел во жанрот комедија „дава дивиденди“ во перформансите, а Кетрин Хан е апсолутно брилијантна дури и во улога која што не и е ниту предизвик за талентот.

Постои вистинска поврзаност меѓу трите жени, но тоа е најмногу благодарение на конекцијата меѓу трите актерки, нивниот комичен талент, а не на начинот на кој се водени нивните ликови во сценариото. Но, постојат моменти и на тоа. Особено ако ја забележите урнебесната сцена во бањата. Искрена и не-форсирана наспроти монтажите со лудување проследени со заразна современа поп музика.

И кога сме кај клишеата за кои претходно зборував, ликот на Карла е претставен како премногу сексуализиран, провокативен, па дури и промискуитетен. Зошто самохраната мајка мораше да биде тоа во Bad Moms? Но, морам да признам дека најдобрите хумористични реплики и се доделени токму на Карла, а и покрај не-иновативната репетиција во дел од дејствието, нејзиниот хумор останува недопрен до самиот крај.



Сепак, колку и да е пропуштена поентата на Bad Moms, еден монолог ќе ве погоди, дури и ако не сте родител. Тој на Ејми по одбивањето да му ги пишува домашните и научните проекти на синот за во училиште.

Бавно учам, и вели синот на Ејми кога таа еден ден ќе одбие да му ја напише домашната задача..



-Не не...Ти си entitled (право на привилегии и специјален третман кое го имаат богатите личности). Тоа значи дека јас и татко ти цело време те разгалувавме и сега мислиш дека светот ти должи нешто, а не е така. А ако сега не научиш како да работиш напорно, ќе пораснеш во „entitled“ белец кој мисли дека е „фантастичен“ без никакви причини за тоа. Ќе формираш ска бенд, ќе бидеш ужасен во бендот, ќе бидеш злобен кон девојките и ќе имаш ироничен мустаќ за да изгледаш дека си интересен, но всушност не си... Затоа те молам, реши си ја домашната задача сам...

Леле, помислив тоа е можеби најдобриот и искрен совет кој една мајка во филмов го даде на своето дете и иронично можеби спречи идна трансформација во хипстер. Можеби филмот се вика Bad Moms, но по оваа сцена Ејми стана супер мајка. Зарем не?

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...