ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Пит и зелено-невидливиот змеј

Наслов:
Pete’s Dragon

Режија:
Дејвид Ловери

Сценарио: Дејвид Ловери и Тоби Холбрукс

Улоги:
Оукс Фигли, Брајс Дајас Хауард, Уна Лоренс, Вес Бентли, Карл Урбан и Роберт Редфорд

Времетраење: 102 мин.

Година на издавање:
2016-та


По долгата низа на римејк филмови кои пристигнаа во кино салите, оваа година пристигна и римејкот на Pete’s Dragon. Со измени не само во сторијата, туку и во самиот жанр, режисерот Дејвид Ловери во Pete’s Dragon ни го претстави неговиот 4-ти долгометражен игран проект во кариерата.



Малечкиот Пит (Оукс Фигли) по сообраќајната несреќа во која ќе загинат неговите родители, ќе биде згрижен во дивината од зелен змеј кој поседува способност да биде и невидлив.

Змејот по име Елиот е повеќе „мит“ за населението во американскиот северо-запад, но по 6 години заедничко дружење со змејот во шумата, Пит ќе биде пронајден од страна на Натали (Уна Лоренс) нејзината маќеа Грејс (Брајс Далас Хауард) и донесен во цивилизацијата. По враќањето на Пит меѓу луѓето, и самиот змеј Елиот ќе стане „атракција“ за мештаните. Особено фасцинирани од змејот ќе бидат Џек (Вес Бентли) идниот сопруг на Грејс и неговиот алчен брат Гавин (Карл Урбан), но змејот ќе има друг план.



Убавината во талентот на Ловери како режисер (ако сте ги погледнале неговите претходни дела, а особено Ain't Them Bodies Saints) е способноста глатко да ја води приказната дури и кога има малку основа за тоа во материјалот. Pete’s Dragon за разлика од претходникот (анимираниот мјузикл од 1977-ма година) е спор и тивок филм во кој нема да најдете премногу заплети и драматични пресврти. Всушност самиот филм нема речиси ништо во наративната нишка. Иако тој факт го прави филмот да изгледа како подолг отколку што е, гледано за целокупниот квалитет тоа не е недостаток. Напротив за момент гледаме детски филм во кој децата не само што ќе можат да уживаат, туку и да го разберат токму поради самата едноставност во премисата.



Тоа што фасцинира е и минималната употреба на CGI и сет парчиња кои се едноставни, а кога веќе се употребени тие изгледаат реално, а не вештачки. Лоури убаво ги инкорпорирал специјалните ефекти во приказната, а самиот тим кој ги создал во пост продукцијата, се погрижи тие да бидат што е можно понезабележливи и суптилни. Лоури (заедно со ко-сценаристот) како под теми во сторијата ги начнале тагата, потребата за припаѓање во семејство и загубата на блиските. Ако забележите речиси сите ликови имаат изгубено некој близок во Pete’s Dragon. Пит ги загуби родителите на почетокот, Грејс ја загубила мајката кога била дете,нејзината поќерка Натали исто така, а господинот Мичам- таткото на Грејс (Роберт Редфорд) веќе подолго време е вдовец. И тие теми се адресирани, но не дозволуваат поради самиот тон на филмот да придонесат за депресијата додека го гледате. Напротив, Лоури и Холбрукс во филмот внеле и доза на хумор дури и од споредните ликови, како тој на Гавин или на шерифот Дентлер.



Во ликот на Гавин го гледаме можеби најголемиот триумф на сценаристите. Гавин започнува како „црната овца“ во семејството, продолжува како алчниот бизнисмен, за да дојдеме до потенцијален негативец. Но, за среќа не е тоа. Филмот ако сакате нема негативец, и тоа е убавината на Pete’s Dragon. А, толку лесно негативецот можеше да биде човечкиот фактор, во филмот на Лоури. Не, напротив тој дал искупувачки квалитети на сите ликови, без разлика кои се нивните маани.

Малечкиот Оукс Фигли во улогата на Пит е апсолутно прекрасен и талентиран млад човек, кој покажува дека има светла иднина според неговиот талент, а истото може да се каже и за Уна Лоренс. Ако ја паметите младата актерка од минатогодишната драма Spouthpaw, во која ја глумеше ќерката на Џејк Џиленхал, знаете за што е способна Лоренс. Вистинската бравура во перформансите доаѓа од Брајс Далас Хауард (кај дамите) и ветеранот Роберт Редфорд (кај актерите).



Хауард е топла и прекрасна како Грејс, но ветеранот кој овој месец наполни 80 години, Редфорд е повторно на висина на задачата и покрај краткото времетраење кое Лоури го дал на Оскаровецот. Тој има можеби 15 минути присуство пред камерата на Редфорд и е вистински дар за овој филм.

Ако подобро размислам, самиот филм е редок подарок за секој кој ќе го погледне и тоа не е исклучиво за децата. Pete’s Dragon е уште еден одличен проект на Disney, но еден од ретките римејк филмови кои се дури и подобри од оригиналот на кои се базирани.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...