Ема и Рајан се разиграни љубовници

Ема Стоун и Рајан Гослинг по трет пат во кариерата ќе се појават во заеднички филмски проект La La Land.

Режиран и напишан од одличниот Демиен Шезел (авторот зад Оскаровскиот Whiplash), овогодинешниот La La Land ќе биде мјузикл сместен во Лос Анџелес.



Ема Стоун во La La Land ќе биде Миа, келнерка со аспирации да стане актерка, додека пак Рајан ќе биде џез пијанистот Себастијан . Двајцата ќе се вљубат, но притисоците од очекувањата, нивните професии и стресот од животот во Лос Анџелес ќе ја тестираат нивната врска.



Покрај Ема и Рајан во La La Land ќе ги видиме и Фин Витрок, Џеј Кеј Симонс, Роузмари Девит и пејачот Џон Леџенд.

La La Land оваа есен ќе биде прикажан на филмските фестивали во Венеција и Торонто, а кино премиерата ја очекуваме на 16-ти декември.



Шезел моментално е номиниран за 2 награди на Филмскиот фестивал во Венеција за овој филм, а додека го очекуваме во кино салите погледнете го Audition тизерот за La La Land.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...