ВОЕНИТЕ КУЧИЊА КОИ СЕ ХРАНАТ ОД ВОЈНАТА

Кога вистината му помогнала на некого?

Наслов:
War Dogs

Режија:
Тод Филипс

Сценарио: Стивен Чин, Тод Филипс и Џејсон Смилович

Улоги:
Мајлс Телер, Џона Хил, Ана де Армас, Кевин Полак, Бредли Купер...

Времетраење: 114 мин.

Година на издавање:
2016-та



Тод Филипс изгради кариера во Холивуд со „лесните bromance“ комедии. Од Road Trip и неговото деби во светот на играните долгометражни филмови, па се до сега тој ги „истражи“ речиси сите аспекти на машкото пријателство. Но, по паузата од 3 години од последниот проект, Hangover 3, режисерот го претставува War Dogs, комедијата инспирирана од вистински настани.



Мајлс Телер во War Dogs е Дејвид Пакоуз. Разочаран млад човек кој живее со девојката Из (Ана де Армас) и работи како масер на богатите во Мајами. По веста дека ќе стане татко, а и по повторното поврзување со школскиот пријател Ефраим Девероли (Џона Хил), тој се вклучи во нов бизнис, воено профитерство. Ефраим купува оружје запленето од полицијата и истото го продава преку интернет. Сепак, тој смета дека она што го купува се само „трошките“.

- Јас живеам од трошките, изјавува тој во една од сцените.

Но, што ќе се случи кога тие ќе го понудат оружјето на „најголемиот лудак по оружје во светот“ - Владата на САД? Бизнисот ќе се прошири, нивното банковно салдо дефинитивно ќе се промени, но исто така и нивното партнерство.



Иако технички War Dogs може да се нарече комедија, всушност ова е изненадувачки најзрелиот филм во кариерата на Филипс, кој е брутално искрен  за многу од поттемите кои ги начнува (покрај тоа што е апсурден и површен во исто време). Во филмот се спомнува капитализмот, пазарот на оружје, правниот систем, самата армија на САД и воените интервенции. И иако во премисата имаме „bromance“ меѓу двајца млади ликови, евидентни се влијанијата од колегите режисери во неговата работа, но најмногу од самиот Мартин Скорсезе.

Во деталите на War Dogs, гледаме инспирации од Goodfellas, The Wolf Of Wall Street и Casino. Искрено, по гледањето ќе ја сфатите и фасцинацијата на Филипс со работата на Скорсезе при градењето на подемот и падот на ликовите. Без двоумење и морален код во светот на илегалата. Во техничката егзекуција секако ќе ги пронајдете и „freeze frame“ сцените, широките кадри, забавените снимки и фантастичниот саудтрак (повторно во стилот на Скорсезе).



Да, тука ќе најдете хумор, но и доза на цинизам за фракција од американското општество.

- God Bless Dick Chainey’s America!
- War Is An Economy!
- When Has Ever Telling The Truth Helped Anybody?

Ова не се само банални фрази изговорени од ликовите или напишани на title cards низ филмот како поглавја во бизарен роман. Филипс во War Dogs употребил нарација во прво лице (од перспектива на Дејвид), но во него ставил и лик со тронки морален код и свест. Тој започнува како очаен чесен човек и квази -пацифист, но ќе ги промени анти-воените убедувања кога ќе намириса профит. Не дека тој е помалку виновен од колегата, туку е единствениот можеби во цел филм кој ќе покаже совест, па дури и чесност при промената на вредностите. Тој е Јинг на Ефраимовиот јенг.



Ах Ефраим - класичен пример за алчен воен профитер и криминалец. Искрено, психолозите би можеле да го студираат Ефраим до бескрај и пак би биле на нула. Бидејќи како и сите социопати речиси и да нема никакви емоции, совест или какви биле искупувачки квалитети. Без разлика со кого и да разговара, тој станува личноста која соговорникот сака да биде, а не личноста која што е. Мислам дека нема поим кој е. Забележете ја добро неговата необична насмевка, специфична и со висок тон, како самиот специјално да  ја создал за да биде единственото квази автентично нешто за него. Во него нема речиси ништо друго вредно за паметење, а уште помалку за ценење.



И така доаѓаме до можеби најдобриот дел од War Dogs. Телер е фантастичен како Дејвид Пакоуз, но Џона Хил е апсолутен „динамит“ во War Dogs и го дава еден најдобрите перформанси во кариерата.

Кевин Полак и Бредли Купер во споредните улоги исто така се фантастични. И покрај очигледните маани и дупки во сценариото (некохерентност, површност во големите теми и на моменти непотребно комплициран развој во дејствието), ова е навистина солиден филм од Тод Филипс. War Dogs е филмот со кој покажа дека е способен да созрее како филмски работник.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...