ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Кога Мерил глуми дека не знае да пее

Наслов:
Florence Foster Jenkins

Режија:
Стивен Фриерс

Сценарио: Николас Мартин

Улоги:
Мерил Стрип, Хју Грант, Сајмон Хелберг, Ребека Фергусон...

Времетраење: 110 мин.

Година на издавање:
2016-та



Мерил Стрип не бара посебно претставување. Тројна Оскаровка, жива легенда и можеби најталентираната актерка на денешницата. Но, ако талентот на Стрип и е доволно познат на публиката, истото не може да се каже за ликот кој таа го портретира во најновиот филм, Florence Foster Jenkins.



Стрип ја толкува насловната улога во најновото дело на режисерот Стивен Фриерс - Флоренс Фостер Џенкинс. Богата наследничка која со сопругот/менаџер Сент Клер Бејфилд (Хју Грант) живее во релативно здоволен, но но-конзумиран брак. Причината за сексуалната апстинеција е долгото боледување на Флоренс од сифилис и тие живеат одделено во различни резиденции во Њујорк. Таа живее со послугата, а Сент Клер со љубовницата Кејтлин (Ребека Фергусон). Неостварена желба на Флоренс е да стане славна оперска пејачка, а Сент Клер за да ја направи болната сопруга среќна, најмува вокални тренери, студио снимки, па дури и пијанистот Козми Мекмун (Сајмон Хелберг) за да ја придружува во настапите. Тој ќе ги потплати речиси сите во фелата (и надвор од неа) за Флоренс да мисли дека е одлична певица. Има само еден проблем. Таа е ужасна оперска пејачка. Но, проблемите за Сент Клер Бејфилд нема да застанат таму. Тие ќе се зголемат кога Флоренс ќе посака да настапи на сцената во славниот Карнеги Хол.



Мерил Стрип со перформансот во Florence Foster Jenkins може слободно да се надева на рекордната 20-та номинација за Оскар. Но, сепак и покрај фантастичната глума од легендата, ова е филм кој во исто време е поддржан од одличните перформанси од колегите, Хју Грант и Сајмон Хелберг. Грант е фантастичен во улогата на сопругот Сент Клер, но Хелберг е „откритието“ од Фриерс во овој филм. Иако публиката најдобро го препознава по невротичниот Хауард Воловиц од серијата Big Bang Theory, Хелберг тука прикажува релативно суптилен хумор во глумата. Тој придонесува за одржувањето на балансот меѓу драмата и комедијата во Florence Foster Jenkins, а самиот актер може да се пофали и со фактот дека  перформансот зад пијаното е негово дело. Мерил самата пее, но и Сајмон самиот свири на пијано.



И ако ги знаете основните факти за актерката (а и ако сте ги погледнале претходните филмови), знаете дека Мерил е одлична пејачка. Таа дури имала аспирации да стане професионална оперска певица пред да стане актерка. Но, како да бидеш убедлива во обратното? Да глумиш дека си ужасна кога не си? Со многу шарм и комичен тајминг очигледно. Првото наше запознавање со Флоренс, е при еден перформанс на ликот на сцената. Мерил во костим на ангел лебди над сцената додека е прикачена на јажиња. Исто така и самите изведби на ариите (на сцената и надвор од неа) од кои ќе ве заболи глава, морам да признаам дека се посебно урнебесни  и маестрално одглумени од Стрип.



Но, покрај начинот на кој е претставен нејзиниот недостаток од талент, посебен аплауз мора да се даде на сценаристот Николас Мартин за начинот на кој е прикажан нејзиниот брак, а исто и нејзиниот однос со сопругот. Иако недостасува физичка интима, не може да се негира дека има недостаток од интима, лојалност, почит, посветеност и љубов меѓу нив. Да, Сент Клер Бејфилд (Хју Грант) има и љубовница, но во ниту еден момент неговиот брак не се чувствува загрозен од присуството на љубовницата Кејтлин (Ребека Фегрусон). Напротив тој е толку лојален и посветен на сопругата што е подготвен да ја „купи“ публиката, а по објавувањето на критиките и сите весници за таа да не ги прочита лошите критики.

За момент во гледањето на Florence Foster Jenkins вие ќе се запрашате дали Сент Клер тоа сето го прави поради скриени намери или пак затоа што е само грижлив сопруг, кој се обидува да ја задоволи сопругата на единствениот начин на кој што знае? Со купување на реномето и талентот кои таа не ни знае дека не ги поседува? 

Да, тој е прекрасен сопруг, но ако ништо друго, дури и самиот Сент Клер Бејфилд во еден момент е свесен дека парите можат да купат многу работи, но не и талент, без разлика колку од нив ги имате и колку од талентот го посакувате.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...