ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Чудото од Хадсон

Наслов:
Sully

Режија:
Клинт Иствуд

Сценарио:
Тод Комарники

Улоги:
Том Хенкс, Арон Екхарт, Лора Лини, Мајк О’Мали, Ана Ган...

Времетраење:
96 мин.

Година на издавање:
2016-та

Сите го паметиме настанот од 15-ти јануари 2009-та година. Комерцијален авион слета на реката Хадсон во Њујорк, а 155-те патници и членови на екипажот го преживеаа краткиот и страшен лет од аеродромот Лагвардија.



Пилотот во авионот е искусниот Чесли „Сали“ Саленбергер (Том Хенкс) кој заедно со ко-пилотот Џеф Скајлс (Арон Екхарт) ќе го направат речиси невозможното. Ќе го приземјат авионот на Хадсон по дефектот и ќе ги спасат сите животи во него. Sully, филмот во режија на Клинт Иствуд се фокусира повеќе на периодот по неверојатниот настан, поточно истрагата од Националниот совет за безбедност во авио транспортот. Претставниците на советот не се убедени дека несреќата настанала по ударот на птиците во двата мотори и се обидуваат да докажат дека е пилотска грешка. Дали ќе успеат?



Иствуд и сценаристот Комарники се потрудиле Sully да го има насловниот лик во центарот на вниманието. Тој е во центарот од почетокот до крајот на филмот, а навистина на моменти е уназадување на самата наративна нишка на филмот. Секако во улогата на Сали е двојниот Оскаровец Том Хенкс и очекувано од актерот добивате силен и самоуверен перформанс и во Sully. Хенкс носи доза на човечност дури и во најтензичните и тешките моменти од самиот настан, но забележете ги неговите постапки по чудесното слетување. Како прав пилот, Сали ќе биде последниот кој ќе го напушти авионот и единственото што го интересира е точната бројка на преживеани. Подоцна за време на истрагата ќе го видиме и внатрешниот конфликт во Сали за тоа дали навистина ја донел вистинската одлука. Тој тврди дека е така, но притисокот од истрагата и медиумскиот публицитет ќе направат да се посомнева во сопствените способности.

-Извозев милион патници низ кариерата од 40 години, а сега ми се суди за 208 секунди, вели Сали во еден момент на рефлекција.

Одлична поддршка во глумата Хенкс добива од колегата Арон Екхарт. Помладиот колега е подеднакво одличен во улогата на ко-пилотот Скајс, а нивната професионална врска е прикажана како релаксирана, но со многу почит и поддршка. Сепак, ова е шоу на Хенкс. Ликовите како Лорејн Саленбергер (Лора Лини), но и Чарлс Портер (Мајк О’Мали) и Елизабет Дејвис (Ана Ган) од советот за авио безбедност се залудно потрошени. Потценети, недоволно развиени или претставени како еднодимензионални негативци. Sully е солиден проект од Иствуд, но и покрај фактот што во најголемиот дел Sully успева да ни го задржи вниманието, наративното водење на сторијата од сценаристот Корманики е помалку хаотично.



Гледаме непотребни флеш-бек сцени од детството на Сали, секвенци од неговите кошмари за време на истрагата и не-кохерентен микс на сцени од самата несреќа и последователната истрага. Повторувањето на темите најчесто ќе го забележите во сцените на Сали со сопругата, кои се исклучиво снимени кога ликовите зборуваат преку телефон. И иако очекувавме повеќе сцени кои ја инволвираат самата несреќа, добро е што Клинт и Корманики ги вметнале сцените од контролата на летање, но и спасувачките обиди на крајбрежната стража, првата помош и останатите спасувачки тимови. Тие даваат поинаков поглед на самото „чудо на Хадсон“ и заедничките напори од сите инволвирани да ги спасат 155-те луѓе во авионот.



Но, сепак колку и да ги гледаме тие моменти на херојски подвизи (покрај очигледниот од Сали), самата истрага е доминантна тема во филмот. Малку разочарувачки потег од Иствуд, бидејќи во самиот финиш на филмот гледаме дека истрагата како процес може да биде и помалку досаден. Не само досаден туку и задушувачки за гледачот, но до некаде тоа е и разбирливо. Во финишот на истрагата е и разврската на случајот. Но, Иствуд заедно со Хенкс во Sully ни прикажаа херојско дело од обичен човек. Доказ дека сите можеме да бидеме херои, дури и ако само си ја вршиме работата.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...