„50 Shades Darker“, продолжението на еротската драма од 2015-та година го доби првиот трејлер и тој „го запали“ интернетот.
Првиот трејлер за „50 Shades Darker“ беше погледнат дури 114 милиони пати во рок од само 24 часа, што го надмина досегашниот рекорд на „Star Wars- The Force Awakens“.
Трејлерот беше објавен на 14-ти септември во 8 часот наутро во САД, а подоцна и на официјалните страни од социјалните мрежи на филмот. Darker беше погледнат 39.4 милиони пати само во С. Америка, а на интернационално ниво достигна и 76 милиони погледи.
„50 Shades Darker“ ќе ја има својата премиера на 10-ти февруари следната година, а покрај Џејми Дорнан и Дакота Џонсон ќе ги видиме и Ким Бејсингер, Марша Геј Харден, Макс Мартини.
Претходникот „50 Shades Of Grey“ и покрај лошите критики успеа да заработи над 500 милиони долари на бокс офисот.