ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Бриџит, бебето и потенцијалните татковци

Наслов:
Bridget Jones's Baby

Режија:
Шерон Мегваер

Сценарио:
Ема Томпсон, Хелен Филдинг, Ден Мејзер

Улоги:
Рене Релвегер, Колин Фирт, Патрик Демпси, Ема Томпсон...

Времетраење: 123 мин.

Година на издавање:
2016-та



По 6 годишната пауза од последниот филмски проект, My Own Love Song и 12 години од последниот Bridget Jones филм, Рене Зелвегер не само што се врати на филмското платно, туку тоа го направи со ликот по кој е најдобро препознавана.



Во Bridget Jones's Baby ја среќаваме Бриџит Џонс (Рене Зелвегер) како средновечна жена. Со звуците на Jump Around во нејзиниот стан ќе го прослави 43-от роденден, но малку работи се променети кај неа. Таа е се’уште немажена, без деца и работи во Лондон. Кога сексот за една вечер со Џек Квант (Патрик Демпси) и Марк Дарси ( Колин Фирт) ќе резултира со бременост, таа ќе биде во тотална конфузија не само за идентитетот на биолошкиот татко.

Bridget Jones's Baby ја има речиси идентичната формула во „костурот“ на филмот, но сепак третото продолжение е пријатно изненадување за фановите. Да, тоа е примарно креирано од носталгија и холивудска алчност, но финесите во третиот дел се тие кои го прават филмот солидно филмско парче. Bridget Jones's Baby е доказ дека со вистинскиот тим можеш да го спинуваш истиот материјал и да добиеш различен резултат. Бриџит е повторно сингл, повторно во чуден триаголник меѓу двајца мажи (на местото на Хју Грант сега е Патрик Демпси) и повторно го гледаме нејзиниот чуден карактер. Но, што е променето во Bridget Jones's Baby што го прави филмот еден од подобрите годинава? Па, за почеток фактот што ја има Ема Томпсон не само во споредната улога (таа на акушерката на Бриџит) туку и во улогата на ко-сценарист на филмот. Томпсон не само што го внела препознатливиот хумор по кој што ја знаеме, туку направила драстични промени во самиот лик.



За почеток Бриџит иако е со истата трапавост, всушност е посамоуверена во повеќе аспекти од животот. Шегите за нејзината тежина се елиминирани од репертоарот, а искрено покрај урнебесните коментари од нејзината мајка, нема да ги пронајдете шегите упатени кон неа од никого. Таа дури е способна да се насмее на своја сметка, а и да биде стоична на принциите кога треба, што е за поздравување. И иако комичниот тајминг ќе го најдете во перформансите од сите ликови, Томпсон е брилијантна и покрај малиот број на сцени кои и се дадени.

Пријатно изненадување е и присуството на Патрик Демпси како милионерот/ „шармантен принц“ Џек Квант, но можеби најголемата маана која ја има филмот е токму во неговиот лик. Тој е премногу совршен!Замислете ја совршената персонификација на Дизниев принц само во телото на Демпси. И токму затоа стариот добар Марк Дарси е ликот за кого повторно навивате.



Сценаристите повторно го прикажале како личност со доста маани и незгоден карактер и тоа е можеби една од карактеристиките кои го прават поуверлив и веродостоен. Перформансот на Фирт и Зелвегер е повторно на врвот на задачата како и во претходните делови. Но, тој од Демпси иако  недефиниран, за среќа е маскиран од огромната количина на шарм и допадливост на имиџот кој го има актерот во јавната персона.

Bridget Jones's Baby е изненадувачко солидно продолжение кое доаѓа по не толку квалитетното 2 продолжение. Тие кои ќе одлучат да го погледнат нема да бидат фасцинирани, но ќе бидат пријатно изненадени од Bridget Jones's Baby.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...