Крис Прат и Џенифер Лоренс до крајот на годинава ќе ни го претстават првиот заеднички проект, а првиот трејлер е објавен за фановите.
Во режија на Мортен Тајдлум, Passengers ќе ја раскаже приказната за Аурора (Џенифер Лоренс) и Џејмс (Крис Прат), двајца од патниците на вселенскиот брод Homestead II.
Бродот е на 120- годишно патување до нова колонија, но тие ќе се разбудат од хибернациските комори и треба да дознаат зошто се будни кога сите други патници се во длабок сон.
Покрај Џенифер и Крис во Passengers ќе ги видиме и Мајкл Шин, Лоренс Фишбурн и Енди Гарсија, а премиерата може да ја очекуваме на 21-ви декември.
Passengers веќе се смета за оскаровски потенцијал, а ова е првиот трејлер.