Disney на големо ги преработува неговите најголеми хитови. По „The Jungle Book“, „Cinderella“ и „Maleficent“, на ред дојде еден од најомилените цртани филмови на децата од 90-тите – The Lion King!
Компанијата само што објави дека тоа ќе биде следниот филм на кој ќе работат, а како режисер се потпишува Џон Фавро, кој го режираше и „The Jungle Book“. Не споделија дали ќе изработат анимиран филм, но кажаа дека филмот ќе ги содржи истите песни од оригиналот.
„The Jungle Book“ беше огромен успех за Disney со оглед на заработката од 965 милиони долари, но најверојатно „The Lion King“ ќе ја надмине оваа бројка. Наредната година ќе го објават „Beauty and the Beast“, со Ема Вотсон и Ден Стивенс во главните улоги.
„The Lion King“ за прв пат беше прикажан на малите екрани во 1994 година и достигна заработка од вртоглави 968 милиони долари, а доби и два Оскари.
Во приказната се раскажува животот на лавот Симба, кој се преселил по смртта на неговиот татко, Кралот Мустафа, а сега мора да се врати со цел да си го земе кралството назад од неговиот злобен чичко Скар.