ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

The Girl on the Train: Кога ништо не е како што изгледа

Наслов:
The Girl on the Train

Режија:
Тејт Тејлор

Сценарио:
Ерин Кресида Вилсон

Улоги:
Емили Блант, Хејли Бенет, Ребека Фергусон, Џастин Теру, Лук Еванс

Времетраење: 112 мин

Година на издавање:
2016-та

 

 

Холивуд ги сака бестселерите, особено оние кои во себе содржат доза на мистика и драматичност. Можеби затоа психолошкиот трилер на Паула Хокинс „The Girl On The Train“ се виде како сирова грутка злато, која лесно може да биде претворена во добар профит на кино благајните.

Но, како и многупати досега, Холивуд потфрли во „обработката“ на златото, па она што функционира на хартија, се претвори во конфузна психолошка мешаница на големото платно.

Додека го гледате филмот и самите повеќе не сте сигурни дали некој си поигрува со далечинскиот управувач и неразбирливо ве шета низ приказната или пак тој што го адаптирал сценариото потфрлил во спојувањето на мозаикот од случувања да создаде лесно сварлива целина. Од некоја причина (најверојатно начинот на кој што беше промовиран) многумина очекуваа делото на Тејт Тејлор да наликува на неповторливиот Gone Girl (2014), па дури се и разочарани што филмот не е ни бледа копија на него.

Вистината е дека тука нема реална основа за споредба. Ова се два потполно различни филмови, во кои освен исчезната жена и мистеријата која е поврзана со неа, нема ништо позначајно што би можело да се користи за споредба.

Сценарио: „The Girl On The Train“ нè запознава со Рејчел Ватсон (Емили Блант), жена скршена од психолошкиот притисок на својот пропаднат брак и стерилноста. Рејчел е алкохоличар, кој го користи секој момент за да ги следи сега веќе бившиот сопруг, Том Ватсон (Џастин Теру), неговата нова сопруга Ана Боуд (Ребека Фергусон) и нивната новородена ќерка. Меѓу другото таа е фасцинирана и опседната од Скот и Меган, навидувам совршен пар, кој живее во соседството на нејзиниот сопруг.

Кога Меган ќе исчезне, а Рејчел ќе се разбуди без сеќавање и повредена во својот стан, нештата добиваат драматичен пресврт. Истрагата води до мртво тело, а Рејчел поминува низ трауматични фази на самооткривање со цел да дознае кој е убиецот. Дали вистината е претешка за прифаќање?

Под површината: „The Girl On The Train“ претендира да ја задржи мистеријата во текот на дејствието, но потфрла како резултат на сценариото, а воедно и на режијата. Во многу делови приказната е преоптоварена со психолошките моменти низ кои поминуваат ликовите, што наместо да им даде длабочина, само непотребно го успорува дејствието.

Отпрвин се фаќате во мамката дека ништо не е како што изгледа и дека зад маската на навидум среќните семејства, се кријат ликови кои кријат мрачни тајни, за потоа да влетате во предвидливиот тек на настаните кога веќе сосема ви е јасно во која насока ќе заврши филмот. На моменти мелодраматичен, насилен, па дури и перверзен, „The Girl On The Train“ се сопнува на сопственото сценарио, во обид до крај да остане интересен.

Емили Блант е одличен избор за улогата на Рејчел. Со својот повеќе слоен перформанс го дава максимумот на ликот, но ниту таа не е семоќна да го направи „The Girl On The Train“ совршенство од филм. Впрочем истото може да се каже и за преостанатиот дел од актерската екипа, која горе –долу го дала најдоброто од себе во рамките на даденото сценарио.

Филмот зачнува многу теми како насилството и прељубата, а воедно и одблизу навлегува во перспективата на луѓето кои поради некоја животна околност останеле скршени и не знаат како да продолжат понатаму. Ако подетално ги анализираме женските ликови, кои впрочем се и главните носители на дејството, лесно може да забележиме дека секоја од нив живее со своите демони. Не сочувстуваме со нивните судбини, но нè интригира каков е крајниот исход од нивните постапки.

Филмот можеби не ги исполнува очекувањата на пребирливите филмомани, но ќе заврши работа, ако сакате да погледнете психолошки трилер, со своевиден „среќен“ крај, што можеби ќе ве натера да ја прочитате и книгата со цел да направите споредба.

В.В.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...