„Big Little Liars“ е нова ТВ серија во продукција на HBO, чија премиера се очекува идната година. Интересно е дека во главните улоги се познатите актерки Рис Витерспун и Никол Кидман, но и Александер Скарсгард, Џејмс Трупер, Адам Скот, Лора Дерн и Зои Кравиц.
Се работи за адаптација на истоимениот бестселер од 2014-та година на авторката Лиан Мориарти, а во приказната се зборува за три мајки и нивните деца чии совршени животи во еден момент стануваат сè, освен совршени.
Причината за тоа е едно убиство. Иако објавениот тизер остава впечаток на идила, оваа серија не е таква.