Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children: Која е твојата необичност?

Наслов:
Miss Peregrine's Home for Peculiar Children

Режија:
Тим Бартон

Сценарио:
Џејн Голдман

Улоги:
Ева Грин, Аса Батерфилд, Семјуел.Л.Џексон

Времетраење: 127 мин

Година на издавање:
2016-та

Секој човек е посебен на свој начин. Затоа последниот проект на Тим Бартон Miss Peregrine's Home for Peculiar Children“ ќе ви се допадне кога ќе посакате да одлутате во светот на фантазијата, каде може да го запрете времето, да ја пронајдете љубовта и попатно да го спасите светот од чудовиштата. Но, не лажете се дека ова е филм за мали деца. Темната атмосфера специфична за филмовите на Бартон го прави многу повеќе од тоа.

Џејк со сигурност не е Хари Потер, но ќе успее да ви ја разбуди љубопитноста заедно со низата на ексцентрични ликови кои се дел од приказната. Со сигурност ќе бидете фасцинирани од костимографијата, беспрекорните визуелни ефекти и нагласените контрасти. Впрочем ова е филм што ќе ве маѓепса визуелно и со тоа ќе ве натера низ прсти да ги прогледате сите оние сцени во кои сценариото не е убедливо, ликовите не се доволно развиени или пак недостига динамика на дејството.

Сценарио: Базиран на истоимениот роман, филмот ги следи необичните случувања на Џејк, тинејџер кој ќе го изгуби својот дедо на мошне брутален начин. Обидувајќи се да дознае што навистина се случило со него и да го надмине трауматичното искуство, Џејк заедно со својот татко заминува за Велс.

Таму заглавува во временски јазол и се враќа во 1943-та година. Конечно сфаќа дека посебните деца за кои му раскажувал неговиот дедо како дете навистина постојат, а воедно ја запознава и госпоѓицата Перегрин која треба да му ја одгатне најголемата тајна – тајната на неговата посебност. Што е она од што неговиот дедо го заштитувал цел живот и што ќе се случи доколку тој реши да се соочи со предизвикот и и погледне на опасноста во очи.

Под површината: „Miss Peregrine's Home for Peculiar Children“ крие повеќе интересни теми за обработка. Прво нè потсетува на старите добри времиња кога дедовците пред спиење ни раскажувале приказни за чудовишта и херои кои ги поразуваат. Од друга страна ни дава паралела на модерните родители кои немаат речиси никаква блискост со своите деца и проблемите ги решаваат преку стручни лица, како психијатари и педагози.

Од тука нè носи назад во времето и ни го поставува прашањето: Што ако можеш да ги смениш нештата и да го запреш времето? Што би направил тогаш? На крајот ни плеска во лице дека сите сме посебни на свој начин, но на нас останува да избереме дали ќе бидеме херојот во приказната.

Младиот Џејк (Аса Батерфилд) не е класичен херој во оваа приказна. Тој е само уште едно момче со многу недоумици кое ќе се најде во необична ситуација. На момент изгубен, на момент одлучен тој е главен лик, но дејството не се врти целосно околу него. Филмот изобилува со цела низа ликови како навидум строгата госпоѓица Перегрин (Ева Грин), Ема (Ела Пурнел) девојката која манипулира со воздухот како и опасниот Барон ( Семјуел. Л. Џексон).

Од виденото Грин глатко се претопила во ликот на заштитничката на децата Перегрин. Таа е мистична и недоверлива, но во суштина крие карактер што посветено се грижи за децата со посебности кои и се оставени на чување.

Ема е девојката која некогаш го сакала дедото на Џејк, а сега се вљубува во него. Сепак, романсата помеѓу неа и Џејк изгледа мошне неубедливо поради недостатокот на хемија меѓу актерите.

Семјуел.Л. Џексон пак е супер морбиден во ликот на Барон, но не е негативецот кој што го очекуваме. Подлогата на ликот (Барон ги јаде очите на посебните деца) и помалку смешните реплики го прават шармантно злобен, но неубедлив. За разлика од него Празнините, кои исто така се негативни ликови во филмот, изгледаат како вистинска персонификација на зло, која буди страв и предизвикува морници.

„Miss Peregrine's Home for Peculiar Children“ не е најдобрата креација на Бартон, но и покрај тоа функционира. Како што вели и самиот наслов, ова е филм за необичностите. Бидете необични 127 минути од својот живот. Кој знае можеби ќе ви се допадне...

В.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...