ПРЕДЛОЗИ ЗА ФИЛМСКИ МАРАТОН

10 серии со најдобрите актери

Во последно време сериите некако се најдоа зад играните филмови, а токму кога времето се заладува и никако не ни се мрда од пред нашите екрани, некако ни недостигаат серии кои би сакале да ги гледаме.

Поради тоа, ви предлагаме 10 серии со едни од најдобрите актери. Пронајдете ја онаа која најмногу ќе ве заинтригира и почнете го маратонот.

House of Cards со Кевин Спејси во главната улога



Амбициозниот конгресмен Франк Андервуд му помага на Герет Вокер да стане Претседател на САД со што бара да му се обезбеди позиција како Државен секретар. Сепак, по изборите, Франк дознава дека нема да ја добие таа позиција. Бесен поради тоа, заедно со неговата жена решаваат да посегнат по она што навистина им припаѓа – претседателското место.

Penny Dreadful со Ева Грин и Тимоти Далтон



Стар Лондон, каде што улиците се исполнети со секаков вид на гнасотии и без лимит на честа кон жителите. Најверојатно веќе сте запознаени со повеќето ликови: Дориан Греј, Џекил и Хајд, Дракула од Трансилванија, Доктор Франкенштајн и неговото мистериозно суштество.

Houdini со Едриен Броди



Ова е приказна за тоа како Хери Худини станал познат во светот. Го прикажува неговиот пат од детството во сиромашна фамилија до меѓународно познат илузионист. И покрај малите очекувања, серијата не само што открива некои вистински тајни на Худини, туку и целосно ве внесува во атмосферата на магијата, мистичноста и фантазијата.

Westworld со Ентони Хопкинс



Во еден футуристички забавен парк, човечки роботи се користени како робови, кои извршуваат ритуали против она што стои во историјата, се додека нивната програма не ги направи опасни убијци.

The Night Manager со Том Хидлстон и Хју Лори



Во оваа оригинална приказна, еден ноќен менаџер во Европски хотел е ангажиран од тајните служби за специфична задача. Тој мора да му се доближи на еден милионер со цел да ја докаже неговата вмешаност во оружјето.

A Young Doctor’s Notebook со Даниел Редклиф



Во револуционерните денови, млад доктор пристигнува во мало село каде што ќе ги прегледува тамошните селани. Ова не е лесна работа за протагонистот во серијата, бидејќи мора да излегува на крај со тешкотиите во неговата професија и однесувањето на неговите пациенти.

True Detective со Метју Меконахи, Вуди Харлсон, Колин Фарел, Винс Вогн и Рејчел Мекадамс



Во Луизијана во 1995 година, убиена е девојка под чудни околности. Во 2012 година, случајот повторно е отворен кога се случува слично убиство. За да напредува во истражувањето, полицијата одлучува да ги испрашува поранешните детективи кои работеле токму на тој случај.

Parade’s End со Бенедикт Камбербач



Ова е приказна за еден љубовен триаголник. На една страна е англиски аристократ, на друга неговата убава жена и на третата е млада активистка.

Divorce со Сара Џесика Паркер



Франсис поминува низ долг и тежок развод, кој ја форсира да гледа поразлично низ годините кои ги поминала со својот партнер. Вртењето на нов лист е многу потешко отколку мислела.

Mildred Pierce со Кејт Винслет и Гај Пирс



Животот на Милдред Пирс и носи некои тажни неочекувања, форсирајќи ја да побара начин како да излезе од комплицираните околности. Оставена сама со две деца, мора да го изгради животот од 0 за време на Големата депресија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...