Дискавери сè почесто снима на Балканот

На 14 ноември во 20 часот премиерно ќе се прикажува епизодата на серијалот „Преживување во двојка“ која е снимена на Велебит, Хрватска. Овој популарен серијал за преживување, става на тест двајца експерти од таа област, во сценарија кои реално може да му се случат на секој кој се упатува во некаква авантура на отворено.

Како локација се избираат различни терени низ светот, на кои заедничка работа им е идеалната природа, која ако доволно не ја познаваме може да се претвори во опасно окружување.

Екипата на серијалот на Велебит ги испрати Џош Џејмс и поранешниот припадник на Зелените Беретки, Грејди Пауел. Сценариото е несреќа на рафтинг, а Џош и Грејди имаат на располагање нож, јаже и оштетен рафт со кој ќе се обидат да дојдат до првото населено место.

И во епизодата снимена на Велебит, цел е да се покаже дека и на најнемилосрдните терени со вистински вештини и креативно размислување може да се одржи секој во живот. Основните правила на преживување се да најдат засолниште, вода, храна и помош.

Колку гостопримлив бил Велебит откријте во понеделник во 20 часот на Дискавери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...