„Отров“ - филмот што гласно зборува за образовниот систем

На 12 ноември во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија се одржа премиерата на краткометражниот игран филм „Отров“, којшто е дел од обуката за филм и филмски актер, во организација и продукција на школата за уметност, „Џолев и уметностите“.

Од програмата „Обука за филм и филмски актер“, во изминатите години произлегоа два кратки играни филмови: „Аларм“ во режија на Теа Беговска, и „Поздрав од Скопје“, во режија на Ана Јакимска, додека „Отров“ е прв краток игран филм под менторство на режисерот и сценарист Дејан Џолев.

Премиерата ја најави Бобан Петковски, еден од актерите во филмот, кој преку кратка изведба ја пренесе главната порака за промена на образовниот систем.



- Таму каде што повторувањето е маќеа на знаењето. Таму каде што знаењето имитира постоење. Таму каде што постоењето е само физички доволно. Ова е филм за моето и твоето школо, вели Дејан Џолев, автор на филмот.

Покрај премиерата на филмот „Отров“, публиката имаше можност да погледне и неколку кратки филмски етиди од часовите по „Актерска игра пред камера“ и „Континуитет, реквизит и игра за партнер“, кои актерите ги реализираа во текот на обуката во школата за уметност „Џолев и уметностите“.


Улогите ги играат: Кристина Тасева, Моника Саболиќ, Филип Митевски, Ивана Кузмановска, Сара Алексова, Стефан Димитровски, Андреј Перчинковски, Елена Рушковска, Душко Двојаковски, Бобан Петковски, Ивана Мирчевска, Методи Глигоров, како и македонскиот филмски работник проф. Стефан Сидовски – Сидо и македонската актерска „икона“ Милица Стојановa.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...