„Афера“ – Најдобрата драма на годината повторно интригира

Сѐ уште не знаеме кој го убил Скоти Локхарт, но премиерата на третата сезона на „Афера“ е веќе закажана. Pickbox има ексклузива за серијата, па така таа мистерија дефинитивно ќе ја откриеме на 21 ноември. Во овие студени денови, опуштете се во вашето домашно кино и гледајте ја новата сезона „Афера“ екслузивно во видеотеката на MaxTV на Македонски Телеком.

Аферата од перспективата на прељубникот и измамениот

Oваа генијално снимена емотивна студија за сложените вонбрачни врски, тешко може да се спореди со сите серии што сме ги виделе досега. На гледачите најпрво им се раскажува приказната од една перспектива и токму кога гледачите го носат својот суд за прељубникот и за измамената, приказната добива нова перспектива – ситуација видена низ очите на другиот лик.

Британските актери доминираат во Холивуд

Приказната тргнува од вонбрачната врска меѓу надежниот писател Но Саловеј (Доминик Вест) и келнерката Алисон (Рут Вилсон), која преживеала семејна трагедија. Сепак, двајцата актери ги вложиле своите напори да станат Американци за потребите на улогите, бидејќи по потекло се Британци.

Прељубата сè уште табу

Ако во првата и втората сезона внимателно сте ги следеле односите и прескокнувањата од една перспектива во друга, третата за вашите умови би можела да биде уште попредизвикувачка затоа што, како што изгледа, приказната сѐ уште ни приближно не е раскажана и ќе има уште скокање од сегашноста во минатото и повторно назад.

Серијата Афера (The Affair) е добитник на три награди „Златен глобус“, а во своите редови ги има актерите Доминик Вест, Џошуа Џексон, Мора Тиерни и Рут Вилсон. Истата ја направија веќе искусните сценаристи и продуценти Сара Трим и Хагај Леви кои веќе имаат заедно работено на серијата „Третман“ и чии имиња се синоним за добра серија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...