Њујоршките филмски критичари го избраа филмот на годинатаЊујоршките филмски критичари, ги завршија анализите на овогодинешните филмови и го избраа најдобриот филм на годината – мјузиклот на Демијен Шазел, „La La Land“ во кој главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Рајан Гослинг.
Филмот за созревањето, „Moonlight“ освои три награди и тоа Бери Џекинс за најдобра режија, Џејмс Лакстон за најдобра камера и Махершал Али за најдобра споредна машка улога. Три награди освои и филмот „Manchester by the Sea“, Кејси Афлек за најдобар актер, Кенет Лонегран за најдобро сценарио и Мишел Вилијамс за најдобра споредна женска улога. Мишел доби и уште една награда за најдобра споредна женска улога во филмот „Certain woman“.
Изабел Ипер е избрана за најдобра актерка во филмот „Elle“ и во „The Things to Come“.
„La La Land“, кој освоил најмногу номинации, дури 12, ќе почне да се прикажува во кино салите низ Америка следната недела. Токму тој филм, заедно со „Moonlight“ и „Manchester by the Sea“ се најдоа и во трката за Оскар.
|