Холивудските продуценти и филмската куќа Marvel, покажаа уште еднаш дека многу добро знаат да го препознаат потенцијалот на една приказна која ќе биде вистински хит во кино салите.
Набрзо откако е пуштен во кино салите „Guardians of the Galaxy“, на сите ни стана јасно дека ќе биде мошне популарен.
Независно од тоа што мислите за научно-фантастичните филмови, на овој мора да му дадете шанса. Крис Прат го глуми необичниот главен лик, кој ќе се најде во многу комични ситуации, а мошне интересно е и тоа што во позадина слушаме многу добри рок хитови. Продолжението на овој филм, носи нова доза на хумор и акција, додека јунаците се трудат да ја дознаат вистината за Прат.
Покрај Прат, ќе ги видиме и Зое Салдана, Арон Шварц и Силвестер Сталоне. Погледнете го и вториот трејлер за овој филм, кој треба да се најде во киносалите идната година.