По смртта на Пол Вокер многумина мислеа дека тоа е крај за Брзи и бесни франшизата, но тимот реши да направи уште едно продолжение кое овој пат се нарекува „The Fate of the Furious“.
Во осмиот дел од серијалот освен добро познатата екипа на актери ќе ги видиме и Шарлиз Терон и Хелен Мирен.
Трејлерот за „The Fate of the Furious“ изобилува со мошне впечатливи специјални ефекти, па се надеваме дека и приказната ќе биде подеднакво интересна.