ИДЕАЛНИ ЗА ЛАДНИТЕ ДЕНОВИ

Зимски филмови што ќе ве згреат

Со оглед на ниските температури и ладното време надвор, на никого не му се излегува, освен ако имаме некоја обврска која никако не смееме да ја одложиме. Откако ни завршува работното време, брзаме да стигнеме дома на топло и цела вечер ја поминуваме стуткани под ќебе. За да не ви биде досадно, ви предлагаме листа од 10 филмови, кои ќе ве стоплат со нивните приказни.

The Holiday



Романтична комедија во која паровите Камерон Дијаз и Џуд Ло како и Кејт Винслет и Џек Бек поминуваат време на два краја од светот – Англија и Калифорнија. Како што овие градови изгледаат различно на крајот на годината, така и нивните животи се различни, но тоа нема да ги спречи да ги поминат празниците како што треба.

Friends with Kids



Станува збор за филм од 2011 година, што ја раскажува приказната за сложените фамилијарни заплети и расплети. Овој филм се најде на оваа листа токму поради тоа што Њујорк во есен и во зима е посебна инспирација за сите љубители на филмови, особено оние романтичните души. Адам Скор, Џон Хам, Мај Рудолф и Кристен Виг поминуваат низ различни подеми и падови.

Groundhog Day



Речиси е невозможно овој филм да не сте го гледале, затоа што сите ја сакаме глумата на Бил Мареј. Комичните ситуации во неговото секојдневие ќе успеат да ве затоплат!

Happy Feet



Приказната е сместена на Антарктикот, но зимата изгледа многу убаво, кога се работи за овие пингвини, кои постојано играат и пеат. Дури и возрасните ќе може да уживаат во нивната приказна и тоа во кругот на целото семејство.

Serendipity



Многумина решиле да започнат посериозна врска со партнерот, откако го изгледале овој филм. Истиот може да го најдете на речиси секоја листа на романтични филмови, а се најде токму и на оваа поради приказната која е сместена во зима.

Planes, Trains and Automobiles



Овој филм е мошне стар, па можеби и веќе сте го гледале, но доколку ви се допаднал, не е лошо да го погледнете повторно. Комичарите Стив Мартин и Џон Кенди успеваат да објаснат што значи сообраќаен метеж за време на празниците. За оние кои доста патуваат и не сакаат за време на тие патувања да се дружат со непознати луѓе, овој филм би бил одлична празнична шала.

Harry Potter



Серијалот за Хари Потер, како и дружењето со Рон и Хермиона никогаш нема да ве разочараат. Многумина го изгледале многупати и успеале да ги прочитаат сите книги за оваа приказна, но доколку не сте дел од тие луѓе, слободно погледнете го.

Little Women



Филмот е сниман според романот на Луиз Мај Алкот, кој стана задолжителна лектира за секоја млада жена. Токму по глумата во овој филм, многу актерки ја започнаа својата кариера и стигнаа до Холивуд.

Bridget Jones’s Diary



Бриџит Џонес, сега има и трет дел, кој доколку не сте го погледнале може да го погледнете. Исто така, може да си направите маратон па да ги изгледате сите делови за животот на оваа жена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...