LET THE FORCE BE WITH YOU

Принцезата која одби да се предаде

Светот на филмот повторно е во жалост откако беше објавена веста дека холивудската актерка, Кери Фишер, вчера ја загуби битката за живот и почина на 60-годишна возраст.

Актерката заврши во болница откако имаше силен срцев удар за време на својот лет од Лондон кон Лос Анџелес, кога се враќала дома за празниците.

За многумина Кери ќе остане запаметена по својот култен лик на принцезата Леа во серијалот „Војна на ѕвездите“, но и како жена која и покрај сите перипетии во животот никогаш не дозволи да биде поразена. Ја гледавме во Shampoo (1975), The Blues Brothers (1980), Hannah and Her Sisters (1986), The 'Burbs (1989), When Harry Met Sally (1989), како и во продолжението на Star Wars: The Force Awakens (2015).

Кери Фишер е ќерка на актерката Деби Рејнолдс и пејачот Еди Фишер. Нејзиното детство е одбележано со разводот на нејзините родители и еден од најголемите скандали во Холивуд, аферата на нејзиниот татко со најдобрата пријателка на нејзината мајка, Елизабет Тејлор. Сепак, тоа не е единствениот проблем со кој што се соочува. Да се биде ќерка на познатата Деби Рејнолдс, значи постојано да се биде во нејзина сенка и во центар на медиумското внимание.

По улогата на Леа, во „Војна на ѕвездите“, Кери станува едно од најпознатите лица во Холивуд и си обезбедува свое место на А листата на славни актери. Но, приватниот живот не оди толку добро, таа боледува од биполарно растројство, кое што се обидува да го контролира со дрога и алкохол, по што запаѓа во уште поголеми проблеми.

Низ годините јавно зборува за својата состојба, а во шоуто на Опра во 2011-та призна дека се подложува и на електрошок терапии за да ја стави болеста под контрола.


Годинава објави мемоари во кои по 40 години молчење откри дека за време на снимањето на „Војна на ѕвездите“ имала 3 месечна афера со Харисон Форд. Иако Форд не ја потврди вистинитоста на приказната, по објавувањето на веста за нејзината смрт изјави дека многу ќе му недостига.

-Таа беше една и единствена...Брилијантна, оригинална, забавна и емоционално бестрашна. Го живееше својот живот мошне храбро! 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...