Факти за култниот филм „Silence of the Lambs“

Американскиот трилер „Silence of the Lambs“ од 1991 година, во режија на Џонатан Дем, е еден од најуспешните и најзначајните филмови на сите времиња.

Снимен е по истоимениот роман на Томас Харис, а во него главни улоги имаат Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Неговата заработка веќе во првата недела го надмина буџетот кој бил потрошен за филмот.



Денес, по точно 25 години откако е снимен овој филм, ви претставуваме неколку факти за истиот:

  • Актерката Мишел Фајфер ја одби улогата на FBI агент Кларис Стерлинг, откако го прочита сценариото, со образложение дека имало премногу гнасни сцени. Од друга страна пак, на Џоди Фостер тоа не и беше проблем.

  • Улогата на Ханибал Лектор, требало да припадне на Џин Хекман, а подоцна продуцентите сметале дека најдобро е тој да биде Џон Литгоу.
  • Ликот на агентот Дејн Скали од познатата серија X File заснован е на Кларис Стерлинг.
  • И покрај познатата улога, Ентони Хопкинс се појавува во филмот околу 16 минути.

  • Во сцената во која Кларис се запознава со Ханибал, Џуди Фостер всушност прв пат го гледа и самиот Хопкинс.
  • Ликот на Џејм Гамб, познат под прекарот Бафало Бил, е инспириран од тројца сериски убијци: Тед Банди, Ед Гејн и Гери Хајдник.
  • Черепот кој се наоѓа на грбот на молецот на постерот, инспириран е од сликата Voluptuous Death. Создаден е при соработка со легендарниот Салвадор Дали и фотографот Филип Халсман, на кој седум голи жени се подредени на тој начин да формираат облик на череп.

  • Односот помеѓу Лектор и Кларис е базиран на реалниот однос помеѓу серискиот убиец Тед Банди и некогашниот детектив и професор по криминалистика, Роберт Кепел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...