Ен Хатавеј предизвикува вистински хаос во Јужна Кореа во првиот трејлер за филмот за чудовиштето, „Colossal “. Имено, ликот кој таа го толкува, Глорија, има духовна конекција со огромно чудовиште, кое го открива по едно големо пијанство.
Смешниот трејлер започнува со тоа како Глорија ја открива оваа врска, најпрво со тестирање преку подигање на раката, а завршува со уништување на градот, со цел да им се пофали на пријателите.
Филмот и официјално ќе се најде во кино салите на 7 април.