Српскиот филмски режисер, Емир Костурица, на есен планира да отвори училиште за режија и актерство. Едни од неговите најпознати дела се „Život je čudo“, „Sjećaš li se Dolly Bell?“ и „Otac na službenom putu“.
Имено, тој во едно неодамнешно интервју за српскиот Telegraf откри дека во септември планира да отвори училиште, а првите пријави ќе може да се доставуваат уште во април и јуни. Уверен е дека токму тој проект и е потребен на денешната европска култура.
Со оглед на неговото богато искуство и признанија кои ги има добиено, не се ни сомневаме дека ќе постигне голем успех, а покрај него и многу надежни актери и режисери.