Добитниците на филмските награди SAG го покажаа бесот кон Трамп

Не се само обичните граѓани оние кои се против одлуките на Трамп, туку и холивудските актери, кои синоќа се собраа во Лос Анџелес по повод SAG филмските награди. Најголемата награда ја добија жените од „Hidden Figures“ кои што дури и пуштија солзи на сцена, но не поради наградата за најдобар филм туку поради говорот на Тараџи Хенсон.



- Филмот „Hidden Figures“ е за вистинските жени и нивното соединување. Успеваме да ги тргнеме разликите меѓу нас и да се соединиме како луѓе. Ако сме заедно, тогаш ќе победиме, љубовта ќе победи, секогаш е така, изјави Тараџи.

Дензел Вашингтон ја собра наградата за најдобра машка улога во филмот „Fences“, додека за најдобра женска улога, наградата падна во рацете на Ема Стоун во филмот „La La Land“. Токму овие филмови се и во трката за Оскари, а и се потенцијални добитници.



Дури и Аштон Качер, кој беше домаќин на шоуто, ја отвори вечерта со зборовите:

Добредојде на сите оние кои моментално не гледате на аеродромите во мојата Америка. Вие сте дел од оваа земја, ве сакаме и ве повикуваме.

Целосна листа на победници:

Најдобра актерка во серија (комедија): Џулија Луис-Дрејфус, „Veep“
Најдобар актер во серија (комедија): Вилијам Мејси, „Shameless“
Најдобра екипа во серија (комедија): Orange is the new black
Најдобра споредна женска улога: Виола Дејвис, „Fences“
Најдобра споредна машка улога: Махершала Али, „Moonlight“
Најдобра актерка во ТВ филм или минисерија: Сара Полсон, „The People v OJ Simpson: American Crime Story“
Најдобар актер во ТВ филм или минисерија: Брајан Кранстон, „All The Way“
Најдобар актер во ТВ драма серија: Џон Литгоу: „The Crown“
Најдобра актерка во ТВ драма серија: Клер Фој, „The Crown“
Најдобра екипа во ТВ драма серија: Stranger Things
Најдобра актерка: Ема Стоун, „La La Land“
Најдобар актер: Дензел Вашингтон, „Fences“
Најдобар филм: „Hidden Figures“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 50...
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...