Сè што не сте знаеле за снимањето секс сцени

Снимањето на секс сцени не е ни малку лесна работа, особено кога актерите треба да се расоблечат пред цела филмска екипа и да глумат дека се во љубовен занес.

На мажите секогаш им припаѓа потешката улога бидејќи за разлика од жените, кај нив е мошне тешко да се сокрие сексуалната возбуда.

Ако се прашувате како се снима една секс сцена, како на пример оние од „50 нијанси сиво“, во прилог ви откриваме неколку интересни нешта кои што се случуваат за време на снимањето.

Интимна перика

Некои режисери практикуваат користење на интимна перика за време на снимањето на сексот. Па, така актерите и актерките се приморани да носат лажни влакна таму долу. Гласините велат дека Кејт Винслет носела една ваква перика за време на снимањето на The Reader.

Торбички за криење на ерекцијата

Можете само да замислите како им е на мажите кога за време на секс сцена ќе доживеат кулминација. Затоа повеќето од нив носат посебни „чорапи“, односно торбички за пенисот во кои нивниот „пријател“ е на сигурно.

Долна облека во месо боја

За актерката да изгледа потполно голо, на нејзините интимни делови се прилепува посебна танга во месо боја. Во комбинација со вистинскиот агол на снимање оваа финта прави чуда.

Затскривачи на брадавиците

Ова се мали парчиња материјал кои се лепат врз брадавицата, а оставаат впечаток дека целата града е гола. Така актерката изгледа дека е топлес, додека најнежниот дел од нејзините гради е на сигурно.

Топчиња за вежбање

Како да се сними секс сцена во која актерката е од горе? Едноставно! Со користење на мала топка за вежбање. Истата се става помеѓу актерите, со што актерката седнува на неа, а од страна изгледа како е седната директно врз својот колега со кого има жешка секс сцена.

Вештачки гениталии

Кога она што го гледате на малите екрани изгледа премногу добро за да биде вистинито, најверојатно е. Честопати во секс сцените се употребуваат и вештачки гениталии со цел да се долови ефектот на вистински човек.

Глицерин и масло за тело

Ах, колку само се возбудени главните актери во онаа секс сцена. Толку се понесени од возбудата што се препотуваат. Епа, не баш... Она што ние го гледаме како пот во најголем дел од случаите е глицерин или масло за тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска...
Верски календар
маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други. Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој...
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...