ОДЛИЧНА СОДРЖИНА

Еротски филмови кои се посекси од „Fifty Shades of Grey“

Наскоро ќе се одржи премиерата на „Fifty Shades Darker“, филм кој што е продолжение на „Fifty Shades of Grey“ кој крена бура реакции. Филмот не им се допадна многу на филмските критичари, но затоа публиката го обожаваше. И додека сметате дека токму овој филм изобилува со секс сцени, тука сме да ви го потврдиме спротивното. Снимени се толку многу филмови со секс сцени кои што е навистина тешко да се одделат најдобрите. Сепак, во прилог ви прикажуваме неколку филмови, кои што можеби ќе ги разгорат страстите многу брзо меѓу вас и вашиот партнер.

Belle de Jour (1967)



Овој француски филм, кој е под режисерска палка на Луи Буљуел, го прикажува сексот во културен контекст. Снимен е според роман на Јосеп Кесел, но многу еротски филмови настанале како дело на книги. Во филмот се раскажува приказната за една жена која е во брак со совршен човек, но не може да ја скроти желбата да глуми проститутка.

Trans-Europ-Express (1966)



За овој филм нема некоја посебна содржина, но замислете како Мари-Франс Писиер е облечена во совршен црн корсет заврзана за кревет. Всушност, овој филм е доказ дека секси игрите се многу заводливи.

Crash (1996)



Се работи за приказна за еден пар кој има слободен брак со желба за опасност од екстремни фетиши. Режисер на филмот е Дејвид Кроненберк, но снимен е според приказна од Балард.

Henry & June (1990)



Снимен според книга напишана од експертот за еротика Ане Нин, овој филм ја раскажува приказната за психо-сексуалниот љубовен триаголник на Хенри Милер. Уште еден филм, кој служи како доказ дека игрите со мозокот се многу поеротски од самиот чин.

Betty Blue (1986)



Приказната ја прикажува љубовната афера на писателот Зорг, откако Бети доживеала абортус и ментална болест. Чудно, замешано, но брилијантно.

The Lover (1992)



Жан Жак Анод ја создава оваа верзија на приказна според книга на Маргерит Дура. Се раскажува приказната помеѓу една млада девојка и постар господин кои развиваат романса на два различни континенти.

The Dreamers (2003)



Филм во кој се прикажува животот на млада Американка која се доселила во Париз во 60-тите години. Можеби самата појава на девојката ќе ви биде секси, но очекувајте и тројка со Ева Грин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...