La La Land со 5 BAFTA награди ита кон Оскарот

Ако BAFTA наградите се своевиден предвесник на Оскарите, тогаш мошне веројатно е дека La La Land ќе ја освои и златната статуетка за најдобар филм.

Мјузиклот освои дури 5 BAFTA награди, вклучувајќи ја онаа за најдобар филм и за најдобра актерка, која отиде во рацете на Ема Стоун.

-Мислам дека е посебно тоа што можеме да се собереме оваа вечер благодарение на BAFTA и да го одбележиме позитивниот дар на креативноста и на тоа како истата може да ги надмине границите и да им помогне на луѓето да се чувствуваат помалку осамено, рече Стоун во својот говор.

Таа победи во категорија каде беа номинирани Мерил Стрип, Ејми Адамс, Емили Блант и Натали Портман, а воедно и е номинирана за Оскар.

Дев Пател ја освои наградата за најдобра машка споредна улога, додека помеѓу жените оваа награда и припадна на Вајола Дејвис. Кејси Афлек пак се закити со BAFTA награда за најдобра машка улога во Manchester by the Sea.

-Просторијата изгледа мошне поинаку од тука, се пошегува актерот кој очигледно беше видно возбуден од наградата. Тој изјави дека зборувал со Мерил Стрип околу нејзиниот говор на Златните глобуси и дека е во ред да се зборува за политички теми. За него ваквите говори значат дека, сепак има надеж во светот.

На годинешните BAFTA награди политиката остана во втор план, а нешто по што ќе бидат запаметени несомнено е гламурозното појавување на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг. Принцот Вилијам дури и зема учество во церемонијата, доделувајќи една од наградите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...