Можеби Денот на вљубените помина, но не и изненадувањата. Едно од најдобрите кои ги слушнавме денес е дека култниот филм „Love Actually“ всушност ќе си добие свое продолжение!
Продолжението ќе се вика „Red Nose Day Actually“ и ќе трае само 10 минути. Но, во овие минути ќе успееме да ги видиме речиси сите актери од првиот дел. Хју Грант, Мартин Мекатчион, Кеира Најтли, Лиам Нисон, Колин Фирт, па дури и Енду Линколн ќе бидат дел од новото продолжение.
Сценариото веќе почнало да го пишува токму тогашниот режисер и продуцент, Ричард Куртис, кој ќе ни ги прикажи настаните по цели 14 години.