Откриен виновникот за скандалот на доделувањето на Оскарите

Речиси по 24 часа откако е доделен Оскарот за најдобар филм на филмската екипа за „La La Land“ наместо на вистинскиот добитник, организаторите објаснија кој е виновен за скандалот.



Ревизорската куќа PricewaterhouseCoopers, во чија надлежност е броењето на гласовите за Оскар и печатењето на ковертите со имињата на победниците, издала соопштение за јавноста. Во соопштението, компанијата наведува дека ја презема целата одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои биле единствените кои знаеле за резултатите и ги делеле ковертите на презентерите, Брајан Калинан, „по грешка му го даде на Ворен Бити дуплиот (резервен) коверт за категоријата за најдобра главна актерка наместо за најдобар филм“.

По неколку минути подоцна и Академијата го објави своето официјално соопштение по повод инцидентот во кое ги поздрави сите оние кои достоинствено се држеа кога ја слушнаа оваа грешка.



- Во последните 83 години, Академијата веруваше во процесот на Pricewaterhouse. Сепак, компанијата презема цела одговорност за кршење на протоколот кој се случи за време на церемонијата, стои во соопштението.

Тие напишаа дека цела ноќ ја поминале истражувајќи што се случило и во склад со тоа ќе одлучат кои мерки ќе ги преземат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...