Токму на роденденот на Хит Леџер излезе и трејлерот за документарниот филм посветен на животот на овој легендарен актер. Доколку денес беше жив, Леџер ќе полнеше 38 години.
„I Am Heath Ledger“ е 90-минутен документарец кој го покажува патот до славата на актерот, со снимки кои никогаш претходно не биле објавени во јавноста, со интервјуа и со разни снимки од неговото семејство и пријатели.
Филмот премиерно ќе се прикажи на 23 април на филмскиот фестивал во Трибека, а од 3 мај ќе се прикажува во некои кина.