Во следниот филм на Мартин Скорсезе може да се најдат Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро.
Филмските магазини пренесуваат дека оваа тројка сериозно работи на новиот проект, кој најверојатно ќе биде толку добар што ќе влезе во трката за Оскар.
Филмот ќе биде адаптација на книгата „Killers Of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI“ од Дејвид Грен.
Во неа се раскажува вистинска приказна за неколку убиства на членови од индиското племе Osage во Оклахома, откако откриле нафта на нивната земја. Можеби Леонардо и Роберт ќе бидат ликовите кои ќе ги истражуваат убиствата.