Ема Вотсон ја собра главната награда на MTV филмските и телевизиските награди

Синоќа се одржаа MTV филмски и телевизиски награди, каде што најдобра беше Ема Вотсон. Домаќин на шоуто беше комедијантот и актер Адам Девин, кој се појави на сцена како ѕверот од „Убавицата и ѕверот“.



Ема Вотсон, која ја глуми убавицата Бела во истиот филм ја зема наградата за најдобра актерка.

- Мислам дека ја добив оваа награда поради тоа која е Бела и што претставува таа. Негативците во нашата бајка сакаа да ја натераат Бела да поверува дека светот е помал отколку што таа мисли, со многу помалку можности. Сакам да глумам некој кој не слуша такви работи, изјави Ема кога ја примаше наградата.



На крај додаде дека е навистина горда што за прв пат MTV организираат награди каде што не постојат родови поделби.

Најдобар филм беше прогласен „Убавицата и ѕверот“, додека новото шоу на Netflix „Stranger Things“ ја доби наградата за најдобро шоу на годината.

Целосна листа на победници

Филм на годината: Beauty and the Beast

Најдобар актер: Ема Вотсон во „Beauty and the Beast“

Шоу на годината: Stranger Things

Најдобар актер во шоу: Мили Боби Браун во „Stranger Things“

Најдобар бакнеж: Ештон Сандерс и Џарел Џером во „Moonlight“

Најдобар негативец: Џефри Дин Морган во „The Walking Dead“

Најдобар домаќин: Тревор Ноа во „The Daily Show“

Најдобар документарец: 13TH

Најдобро реално шоу: RuPaul’s Drag Race

Најдобар комедијант: Лил Рел Ховери во „Get Out“

Најдобар херој: Тараџи Хенсон во „Hidden Figures“

Најдобар момент кој не расплакал: „This Is Us“ (Џек (Мило Вентимиља) и Рендал (Луни Чавис) додека играат карате)

Најдобро дуо: Хју Џекмен и Дафне Кин во „Logan“

Најдобра американска приказна: Black-ish

Најдобра приказна која се бори против системот: Hidden Figures



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...