„Mamma Mia: Here We Go Again“ ќе ја доживее својата премиера за една година, а најновите вести се дека и Аманда Сејфрид ќе ја задржи својата улога како Софи. Покрај неа и Мерил Стрип ќе ја игра улогата на нејзина мајка Дона.
Минатата недела Пирс Броснан објави фотографија на неговиот официјален профил на Instagram од претходниот дел од филмот со опис: Сакаш да танцуваш или дали сакаш да танцуваш? Mamma Mia еве не повторно.
Со ова ги потврди гласините дека и тој ќе глуми во филмот базиран според музиката на АВВА. Официјалниот датум за премиерата е закажан за 20 јули, 2018 година.