РЕЖИСЕРОТ ГИ СПОИЛ

Љубовни врски кои започнале на филмски сет

На некои актери одредени филмови им го смениле животот, бидејќи токму на снимањето го запознале својот партнер и родител на своето дете.

Иако повеќето од нив не останале заедно, не може да се негира дека доживеале голема љубов. Дури и ние како гледачи сме ја почувствувале хемијата кои тие ја имале додека снимале.

Vicky Christina Barcelona



Пенелопе Круз и Хавиер Бардем глумеа многу необичен пар. Нивната хемија подоцна прерасна во цврст брак во 2010 година. Имаат син и ќерка.

Cruel Intentions



Помеѓу Рис Витерспун и Рајан Филипе почнале да летаат искри за време на снимањето на овој филм во 1999 година. Се венчаа истата година, а се разведоа во 2007 година. Од бракот имаат две деца.

The Apartment



Таа важеше за најсекси актерка, а тој за еден од најголемите заводници во Холивуд. Се споија на снимањето на филмот, се венчаа во 1999 година, а во 2013 се разведоа.

The Rum Diary



За време на снимањето Џони Дип се заљубил во Амбер Херд, иако тогаш беше 14 години во врска со Ванеса Парадис, со која има деца. Парот се венчаше, но брзо се разведе поради физичко малтретирање.

Step Up



Ченинг Татум целосно ја освоил Џена Деван за време на снимањето на овој филм. Се венчаа во 2009 година и денес ја имаат ќерката Еверли. Ченинг често зборува во јавност колку е заљубен во својата сопруга.

Alfie



Сиена Милер и Џуд Ло беа прекрасен пар, но нивниот однос беше многу турбулентен. По неколку раскинувања, во 2011 година конечно се разделија.

Mr. & Mrs. Smith



Нивната љубов не започна како бајка, а не ни заврши така. Иако на снимањето на овој филм, Бред Пит ја изневеруваше Џенифер Анистон со Анџелина Џоли, а подоцна и се венчаше со неа, романсата заврши минатата година.

The Amazing Spider-Man



Ендру Гарфилд и Ема Стоун се заљубиле токму на снимањето на овој филм во 2012 година. Тие прекинаа во 2015 година, иако оваа врска ја држеа далеку од очите на јавноста.

Gigli



Се заљубија на снимањето на овој филм, а подоцна Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија. Сепак, Бен ја откажа венчавката во 2004 година.

Days of Thunder



Том Круз бил воодушевен од Никол Кидман на снимањето на овој филм. Започнаа врска и се венчаа во 1990 година. Заедно посвоија две деца, а во 2001 година се разделија.

Twilight



Хемијата помеѓу овие двајца актери беше мошне очигледна. Роберт Патисон и Кристен Стјуарт започнаа врска на снимањето на оваа сага, но се разделија откако излегоа неколку фотографии дека таа го изневерува.

Northern Lights



На Лиан Рајмс и Еди Сибријан овој филм им го промени животот. И двајцата тогаш беа во брак. Се заљубија еден во друг и многу драматично им раскинаа на своите сопружници. Се венчаа во 2011 година.

Green Lanthern



Овој филм беше нешто најдобро што можеше да им се случи на Рајан Реjнолдс и Блејк Лајвли. Денес тие се во брак и имаат две деца. Секогаш зборуваат во јавност за својот среќен брак.

Daredevil



Иако заедно глумеле и претходно, Џенифер Гарнер и Бен Афлек се заљубиле на снимањето на овој филм. Се венчаa во 2005 година, а имаат и три деца. Сепак, по 10 години брак, решиja да се разведат.

The Notebook



Рејчел Мекадамс и Рајан Гослинг на почетокот на снимањето на овој филм не можеле да се поднесат еден со друг. Но, по неколку месеци, завршиja заедно. Беa заедно околу 4 години, но потоа се разделиja.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...