Daddy's Home беше една од подобрите комедии кои имавме можност да ги погледнеме во 2015-та. Можеби затоа сите љубители на филмот се и повеќе од возбудени поради продолжението, чија што премиера е закажана за ноември.
Иако Марк Волберг и Вил Фарел сами по себе знаат како да се носат со улогите, во вториот дел добиваат помош од уште две холивудски легенди, Мел Гибсон и Џон Литгоу.
Судејќи по трејлерот продолжението ќе биде уште посмешно од Daddy's Home.