Актери кои маестрално одиграле улоги од спротивниот пол

Некои актери немаат проблем да глумат одредени ликови, па макар тие биле и од спротивниот пол. Токму тоа ги прави маестрални и легендарни. Кои се најдобрите актери кои совршено играле улога на спротивниот пол од нивниот?

Анџелина Џоли – Salt



Џоли беше офицер на ЦИА, Евелин Салт, за кој се сомневаа дека работи за Руската разузнавачка агенција. Анџелина се подготвувала со часови пред секое снимање, за да го постигне посакуваниот изглед на маж.

Еди Редмајн – The Danish Girl



Драмата се одвива во 1920-тите години и ја раскажува приказната за уметникот Ејнар Вегенер, кој се преправал во жена. Во тој период тој сфаќа дека повеќе не сака да е маж и решава да оди на операција за промена на полот. Еди е одличен и во двете улоги, а филмот за првата промена на пол многу добро е прифатен.

Адам Сендлер – Jack & Jill



Во комедијата, Адам глуми вработен во една маркетинг агенција, но воедно и ја глуми и неговата луда сестра, Џил. Таа се појавува во неговиот живот и му го претвора во хаос. За овој филм, актерот доби две Golden Raspberry Awards, за најлоша и најдобра женска улога.

Хилари Свонк – Boys Don’t Cry



Ова е драматичен филм снимен според вистински настани. Ликот на Хилари е роден како жена, која се чувствувала како да е маж. Со цел да се прилагоди на улогата, актерката си ја скратила косата и вежбала за телото да и изгледа помажествено. Поради тоа заслужено си доби Оскар.

Робин Вилијамс – Mrs.Doubtfire



Сите ја обожававме оваа госпоѓа, а сеќавањето на неа и на актерот ни носи само насмевки и позитивни чувства.

Џон Траволта – Hairspray



Џон ја игра улогата на Една Турнболд, перачка, која не ја напуштила својата куќа 10 години и е срамежлива поради нејзината дебелина. Него одлично му прилега улогата на дебелка жена со натапирана фризура.

Партик Свејзи – To Wong Foo Thanks for Everything, Julie Newmar



Партик доби Златен глобус за најдобар актер, благодарение на улогата на г-ца Вида Бохем.

Дастин Хофман – Tootsie



Приказната за талентираниот актер, кој одлучи да игра женска улога, е причина поради која на многумина им стана омилен актер. За оваа улога доби Оскар номинација.

Аманда Бајнс – She’s the Man



Во комедијата Аманда ја играше Виола и нејзиниот брат близнак Себастијан. Ликот на Аманда сака да го научи на лекција нејзиното поранешно момче дека фудбалот не е само игра за мажи.

Силијан Марфи – Breakfast on Pluto



Ова е еден од подобрите филмови на актерот. Марфи од двополов тинејџер во филмот, наеднаш се претвора во гламурозна блондинка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...