Четири серии совршени за продолжениот викенд

Пред нас е продолжен викенд и високи температури. Ако не планирате да одите некаде да се разладите на море или на езеро, може слободно да седите во вашиот удобен дом, да се разладувате со ладни пијалаци и да гледате серии. Ви предлагаме четири серии, кои моментално се мошне актуелни:

This Is Us


Со само една сезона, оваа серија стана вистински хит, а ќе ве придобие уште со првата епизода. Ликовите се изградени до најситни детали, а животите им се поврзуваат на многу неочекувани начини. Тие имаат исти проблеми и несигурности како и повеќето од нас, па едноставно ќе се пронајдеме во многу сцени.

Big Little Lies


Богато друштво, фамилии, врски и мистериозно убиство се темите во новата минисерија со Рис Витерспун и Никол Кидман во главните улоги. Првата сезона на серијата е мошне добро прифатена од гледачите, кои со нетрпение чекаат да ја објават и втората сезона.

Twin Peaks


Култната серија од 90-тите години, по 25 години се врати на малите екрани. Верната публика ги дочека епизодите на оваа мрачна серија, чија бизарна атмосфера е она што беше клучно да ги освои нивните симпатии.

Orange is the New Black

Неодамна стигна и петтата сезона на популарната серија која ги следи животите на жените во женски затвор. Оние кои ја погледнаа новата сезона велат дека се работи за најдобрата сезона до сега, па токму затоа ви ја препорачуваме и вам. Серијата е преполна со добар хумор и генијални заплети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...