И официјално се потврдија гласините дека ќе се снима трет дел од филмот „Conjuring“. Сепак, изгледа дека Џејмс Ван, кој стои зад првите два дела, нема да го режира третиот дел, бидејќи ќе биде снимен од друга продукциска компанија.
Хоророт ќе го пишува Дејвид Лесли Џонсон, кој беше ко-автор на вториот дел, а работел и на филмовите „Orphan“ и „Nightmare on Elm Street“.
Првите два дела заработија 640 милиони долари. Се уште не е позната приказната за овој дел, но ќе биде базиран на вистински настани.