Преживувањето воопшто не е лесно во серијата „Game of Thrones“. Ако не верувате во тоа, сетете се на семејството Старк.
Сепак, Емилија Кларк, која ја толкува улогата на Калиси, за време на едно интервју за магазинот Rolling Stone откри дека ќе преживее во седмата сезона.
- Нема сомневање дека ќе има многу случувања и ќе се случи сешто. Но, јас ќе преживеам уште една сезона и толку ќе биде, изјавила Емили.
Едно е сигурно, Дајнерис Таргарјен ќе ја гледаме уште само една сезона. Најверојатно во осмата сезона веќе нема да ја гледаме, можеби змејовите нема да ја бранат повеќе, кој знае. Останува да погледнеме.